Охрид во чест на Св. Климент

Охрид ќе го чествува летниот Св. Климент. На плоштадот во градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој ќе учествуваат музичари исклучиво од Охрид.

pres
прес

Охрид ќе го чествува летниот Св. Климент. На плоштадот во градот ќе се одржи голем музички хепенинг на кој ќе учествуваат музичари исклучиво од Охрид.

presВо чест на големиот световен празник Св. Климент, на 8ми август на плоштадот во Охрид ќе се одржи хепенинг под наслов „ Охрид во чест на Св. Климент“. „Изминативе години значение му се придаваше само на зимскиот Св. Климент, меѓутоа како патрон на градот и од причина што во летниот период има туристи од сите страни на светот, за подобра промоција на Охрид ќе се слави летниот Св. Климент“, вели градоначалникот Петрески.„ Досега на чествувањата на овој празник имаше музичари од секаде, а најмалку од Охрид, а одсега ќе биде поинаку и предност ќе им се даде на нашите музички имиња“, вели Петрески.

„Младите уметници од Охрид со големо задоволство го прифатија учеството на овој хепенинг“, велат организаторите. „Ниту еден од нив во ниеден момент не побара никаков паричен надоместок за учеството. Предизвикот го прифатија со раширени раце и ветија дека на утрешниот настап ќе се претстават во најдобро светло“, велат тие. Четкар, Ева, Дамјан и останатите музичари, гласно го изразија своето задоволство за учеството на  забавата во чест на Св. Климент.

„Господ фрлал не гледал“ кога го дарувал Охрид со убавини“, вели Зоран Вељановски.„ Утрешниот настан ќе биде само уште еден мал придонес кон сета таа убавина“, дополнува тој. Посетителите на овој хепенинг ќе можат да уживаат во звуците на поп-рок, џез, хип-хоп и фанк музиката.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top