Охрид ќе блесне за Нова Година

Деновиве интензивно се украсуваат улиците, парковите, во и вон централното подрачје.

 |  Маленкова Татјана  | 
ukrasuvanje Ohrid
украсување Охрид

ЈП Охридски Комуналец интензивно работи на разубавувањето  на Охрид за Новогодишните празници. Се користат реквизитите од минатите години, а директорот на ЈП открива дека се набавиле и нови. Алче вели дека според плановите на локалната и ЈП целата акција со разубавувањето на Охрид треба да заврши најдоцна до четврток 13 декевмри.  

„Се прават комбинации со сијалички, но се набавени и нови светлечки реквизити  нив ќе ги поставиме накрај.ukrasuvanje Ohrid Се уредува со светлечките црева, а понатака со новите реквизити, а со новите сијаличиња ќе го заокружиме изгледот.Почнуваме од центарот на градот со парковите кои гравитираат околу езеро, а понатака нормално дека ќе бидат опфатени и новиот кружен тек,  а ќе бидат опфатени и другите паркови. Се надевам дека времето ќе ни дзволи да завршиме побрзо“, вели Сашо Алче,директор на ЈП Охридски Комуналец.

Години наназад Охрид беше најубаво украсен град, категоричен е градоначалникот Александар Петрески. Тој вели дека несватливо е што некои градови во Македонија и покрај економската криза трошат стотици илјади евра за изнајмување на опрема со која ги осветлуват градовите.  Што се однесува пак до Дочекот на најлудата ноќ, градоначалникот истакна дека во Охрид ќе има дочек на плоштад, скромен но весел.

„И во однос на вечерната програма за дочек на Нова Година нашиот став е скромно ама убаво ивесело.  Има градови во македонија каде се рошат од 40, 50 и над 100 илјад евра за час, два.. Ние нема да трошиме толку пари, ние за многу помалку пари секоја години тоа се под 10 000 евра“, вели градоначалникот Петрески.

Петрески е категоричен дека на дочекот на Новата Година  ќе настапат охридски групи, солисти, уметници, затоа што имаме доволно квалитетна домашна естрада позната и призната. Петрески на крајот откри дека тој и годинава Новата 2013 год за која се надева дека ќе биде многу поубава ќе ја дочека со своите сограѓани на Градскиот плоштад.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top