• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Огромен успех на Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид

Огромен успех на Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид

Огромен успех на Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година.

 |   | 

Огромен успех на Бреинобреин Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид на шестиот Интернационален Бреинобреин натпревар кој се одржа на 9 јануари 2021 година.

На онлајн натпреварот учествуваа 25 000 деца-натпреварувачи од 45 земји во светот. Нашата држава ја претставуваа 188 деца од БОБ центри од 10 градови, кои се натпреваруваа во 37 категории.

Со големо задоволство и гордост истакнуваме дека од охридскиот Бреинобреин-Црвен крст Охрид центар, на светскиот БОБ натпревар учествуваа 52 деца и сите освоија награди:

Шампион (трофеј) – 14 деца

Златен медал – 22 деца

Сребрен медал – 16 деца

Овој успех се должи на вложениот труд и упорноата работа на децата, несебичната и професионална посветеност на тренерите и поддршката на родителите. Во огромна конкуренција, интернационално мерливите резултати потврдуваат дека нашите бреинобреин генијалци се меѓу најдобрите во светот.

Во тек се уписи на деца од 4-14 годишна возраст заинтересирани да ја следат интернационалната Бреинобреин едукативна програма преку која ќе имаат можност да ги стекнуваат, развиваат и потврдуваат своите способности: концентрација, меморија, нумерички и вербални вештини, способности за учење, креативност и имагинација, лидерство, самодоверба, визуелизација, решавање на проблеми.

Сите заинтересирани можат да се информираат и пријават на телефоните 070 315309 или 078 227433, на е-маил: ohrid@redcross.org.mk, на линкот http://www.brainobrain.com.mk/contact-us/ или во просториите на Црвен крст Охрид, секој работен ден од 8-16 ч., а детални информации за оваа програма, заинтересираните ќе можат да добијат на отворениот ден за БОБ програмата кој ќе се реализира на 30.01.2021 г. (сабота) од 14-16 ч. во просториите на Црвен крст Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top