Физијатрите на Македонија тврдат дека претешките училишни ташни не се најголемиот причинител за ваквата појава.
Од година во година расте бројот на деца кои страдаат од најразлични видови деформитети како на рбетниот столб така и на стопалата. Бројките се алармантни, во Македонија речиси и да нема дете без деформитет на стапалата. Деформитетите на стапалата можат да бидат најразлични, од рамни стапала па се до вродени деформитети, додека деформитетитите на рбетот кај децатата обично се јавуваат во форма на сколиоза и кифоза. Кога станува збор за деформитетите на рбетниот столб кај децата, физијатрите го демантираат популарното мислење, дека причина се претешките училишни чанти. Прим.Д-р.Велика Алапаческа – Претседател на Здружение на физијатри на Македонија, физијатар по професија, вели дека најголем причинител на сколиоза сепак е наследниот фактор.
„Јас ќе го демантирам тоа мислење и тврдење на родителите, дека носењето на претешките ташни се причина за појавата на Сколиоза. Децата кратко ја носат ташната до училиште и ја враќаат еднаш, или децата кои се во целодневна настава ја носат во понеделник и ја враќаат во петок. Причините за појава на деформитеттот на рбетот се прво генетски, потоа лошото држење, а потоа и пропратни заболувања кои доведуваат до појава на сколиоза“ потенцира Алапаческа.
Лошото држење кај децата пак се јавува како резултат на седечкиот начин на живеење и намалената физичкиа активност, за која пак виновник е презафатеноста на децата со училишните обрски и секако презафатеноста на родителите, кои ја дозволуваат инертноста кај своите поколенија. Доколку ваквото функционално лошо држење не се превенира во иднина по дифолт преминува во структурно пореметување на рбетот кое е веќе многу сериозно. Кога станува збор за намалената физичка активност, Алапаческа додава дека покрај поголемата ангажираност на родителите во слободното време, потребна е и доедукација на наставниците по физичко воспитување и зголемување на бројот на часови по физичко образование.
„Во училитата не се доволно едуцирани професорите на часовите, кои и не се доволни д аги спорведат барем во популацијата до осмо одделение, децата растат до 16-18 години, да се вовоедат и тие вежби за правилно држење на рбетот за јакненње на паравертебралната мускулатура, абдоминалната и глутеалната мускулатура, столбот кој ја држи постурата на рбетот“,додава Алапаческа.
Дополнително вознемирува и фактот што сеуште за жал во нашите училишта на иста висина на клупа и столче седат деца од нулто до осмо одделение, ќе додаде Алапаческа. Во превенцијата и борбата со оваа појава во нашата земја можеби и најважна е улогата на школските доктори, кои први ги детектираат ваквите појави и се оние кои ги препраќаат децата потоа на соодветено лекување.
Во Охрид деновиве се одржува Третиот конгрес на физијатрите на Македонија, со меѓународно учество на кој учествуваат гости предавачи од земјите од регионот, од голем број медицински области.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град