• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Огромен интересот за бесплатното вакцинирање на девојчињата против хуман папилома вирусот

Огромен интересот за бесплатното вакцинирање на девојчињата против хуман папилома вирусот

Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.

 |  Валентина Нелоска  | 
rak na matka
rak na matka

Во заводите за здравствена заштита и во гинеколошките ординации започна да се спроведува вакцинирањето против хуман папилома вирусот, за девојчињата на возарст од 9 до 15 години.  

Вакцинирањето ќе се одвива во приватната, специјална ординација по гинекологија и акушерство Превентива од Струга која располага со 100 вакцини и Охридскиот завод за здравствена заштита со 30 бесплатни вакцини .

Д-р Јованка Стурлакова Коровешовска, епидемиолог од Заводот за здравствена заштита вели дека интересот за бесплатните вакцини е огромен. Добиле мала доза на вакцини, но им било ветено од

ginekoloska ordinacijaМинистерството за здравство дека ќе бидат доставени нови дози во зависност од интересот. Од друга страна пак  девојките на возраст од 15 до 26 години за да се заштитат од ракот на грлото на материцата ќе мора да платат за вакцинација против ХПВ вирустите и до 400 евра. Интересот за овие вакцини и е мал додаваат докторите.

Кај 90 насто од заболените лица од овој вид на карцином откриено е присуството на овој  вирус. Од 100 подтипови  хуман папилома вирусот,  4 се најопасни и се одговорни за 70 насто од случаите на карцином на грло на материцата. Со четиривалентните вакцини девојките ќе може да  се заштитат од типовите вируси 6,11 , 16 и 18. Сепак гинеколозите предупредуваат дека и покрај добивањето на вакцината, потребно е понатамошно контролирање на здравствената состојба со редовни Пап тестови.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top