Станарите на зградата ламела, Б-1 на улицата Даме Груев го добија своето дворно место. Тие веќе подолго време истото не можеа да го користат, бидејќи беше узурпирано од еден од нивните соседи. ТВМ еднаш веќе информираше за овој проблем, во кој добивме ветување од органите на СВР дека во најкраток можен рок ќе постапат по овој случај. Токму од СВР не информираа дека нивните служби веќе стапиле во контакт со лицето што ја извршило узурпацијата на дворното место. Тие на пријавениот му побарале документација за поставената метална ограда, но таква документација, тој не им покажал. Поради тоа, му било укажано во најкраток можен рок да ја отстрани металната ограда.
Се чини укорот на полицијата бил доволен мотив за да биде отстранета металната ограда. Трансформаторот од кој се напојува целата зграда веќе е ослободен, но конструкцијата сеуште стои на своето место.
Сепак проблемот е само делумно решен, бидејќи истиот станар бесправно ги изнајмува и подрумите од зградата како простор за вдомување, што е спротивно на законските прописи. Станарот кој ја извршил узурпацијата, од градежниот инспекторат има добиено и решение за уривање на нелегалната градба иако по ова решение сеуште не е постапено. Станарите од оваа зграда претходно се заканија дека доколку има наредна узурпација, куќниот совет на зградата ќе поднесе тужба против узурпаторите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град