• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОГЛАС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ОГЛАС ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ПОСТАВУВАЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ЗА ПРОДАЖБА НА ХРАНА И СУВЕНИРИ

ЈП Градски Пазар Охрид објавува оглас за прибирање на понуди за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

 |   | 

ЈП Градски Пазар Охрид објавува оглас за прибирање на понуди за поставување урбана опрема за продажба на храна и сувенири.

Јавното претпријатие издава урбана опрема за комерцијално користење. Урбаната опрема се издава за следната намена:

  1. Урбана oпpeмa за продажба на храна и сувенири

Плоштад Св. Климент Охридски

Графички приказ со нумерички ознаки на урбана опрема се дадени шематскиот приказ

Урбаната опрема ќе се издаваат за времетраење од 15.12.2021 до 21.01.2022 година.

  1. Почетна цена за издавање на урбана опрема е:
  • урбана опрема  2.2 м²  за продажбата на сувенири со почетна цена од 5.000.оо (пет  илјади) денари вкупно 1
  • урбана опрема  4 м²  за продажбата на сувенири со почетна цена од 8.000.00 (осум илјади денари) вкупно 9 

2.1 Почетните цени за издавање на урбана опрема се однесуваат за дадениот период

2.2 Во почетната цена за издавање на урбана опрема, не се содржани трошоците за комунална такса, одржување на хигиена, приклучок и трошок за електрична енергија.

  • Целиот износ од договорениот надомест за закуп да го плати во рок од 5 работни дена од склучување на договорот за закуп. Во спротивно договорот ќе биде ништовен и право на закуп на урбана опрема ќе има наредно рангираниот учесник на јавниот повик.
  • Редовно да ја одржува урбаната опрема која ја закупил и по завршувањето на договорот за закуп истата да ја предаде на закуподавачот во состојба каква што ја презел од него.
  • Да овозможи непречен увид на урбаната опрема од страна на закуподавачот во секое време, со или без претходна најава за истото.
  • Должни се да обезбедат времено броило(приклучок) за струја, со што потрошувачката на потрошена електрична енергија паѓа на товар на закупецот.
  • Паушалот за надомест на вода, редовно да го сервисираат кон ЈП Водовод Охрид.
  • Комуналните услуги, како и трошоците за отпадни води, редовно да ги сервисираат кон ЈП Охридски Комуналец Охрид и ЈП Нискоградба.
  • Да ги почитува сите обврски кои ги превзеле со договорот за закуп, во спротивно ќе следи еднострано раскинување на договорот.

2.3 Трошоците за хигиена, приклучок и трошок за користење на електрична енергија паѓаат на товар на најповолниот понудувач.

  • Трошокот за комунална такса (за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нaселени мeста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари) од м2 дневно.
  • Договорот со најповолните понудувачи за точка 1 ќe се склучуваат за дадениот период.
  1. 3. Доставување на понуди

3.1 Право на учество на јавниот повик за изнајмување на урбана опрема има секое:

  • Правно лице кое има регистрирано деловно седиште во општина Охрид и кое не е во постапка за стечај или ликвидација. (Решение од ЦР на РСМ не постаро од 6 месеци)
  • Физичко лице кое е жител на општина Охрид
  • Секое физичко и правно лице има право да аплицира на јавниот оглас само за една од локациите предвидени во Програмата за поставување урбана опрема во општина Охрид за тековната година.
  • На избраниот најповолен понудувач му се забранува изнајмување или пренесување на правото на користење на урбана опрема на трети лица.

Право на учество на јавниот повик немаат:

  • Физички и правни лица кои имаат неподмирени обврски (даноци и придонеси) кон општина Охрид и кон државата по основ на данок.

3.2 Понудувачот треба да достави:

  • Понуда на унифициран образец; (Унифициранот образец може да се подигне во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид или на веб страната на ЈП Градски Пазар Охрид https://jpgradskipazarohrid.mk/
  • Уплатница на име депозит за учество на износ од 5.000 оо (пет илјади) денари, за типизирана куќарка со димензии 2.2м2, и депозит од 000.00 (осум) илјади денари за типизирана куќарка со димезии 4м2.
  • Уплатата се врши на следната сметка: жиро с-ка 210-066616880194 депонент на НЛБ Тутунска Банка АД Скопје, подруж. Охрид

За правни субјекти

  • Потврда за регистрирана дејност (издадена од Централен регистар на PCM или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – не постари од 6 месеци),
  • Потврда дeлa нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса( за користење на плоштади и др.простор во градовите и другите нселени мста со цел на изложување на предмети, приредување на изложби и други забави и други приредби и завршени дејности) изнесува 7,00 (седум денари)и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид и УЈП);
  • Фотокопија од лична карта на управителот

За физички лица

  • Фотокопија од лична карта
  • Потврда дека нема заостанати обврски кон општина Охрид-Локална самоуправа по основ комунална такса и закуп на урбана опрема; (потврдата ја издава Сектор за финансиски прашања при општина Охрид);

Депозитот на учесниците кои нема да бидат избрани за одредена урбана опрема е повратен, додека за учесниците кои ќе добијат урбана опрема на јавното наддавање ќe биде одбиен од  вкупната цена на склучениот договор.

Депозитот за учесниците кои добиле урбана опрема-типизирана куќарка, а се откажале, истиот нема да им биде вратен.

  1. Начин на доставување на понуда

Понудата треба да се достави во затворен плик со назнака:

„НЕ OTBOPAJ“

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање понуди за издавање на урбана опрема бр. 10/2021

Дел:                                                   , урбана опрема бр.                               

 (се внесува делот и бројот на урбана опрема за кoj пoнyдyвaчот  учествува,  

 НА ПРИМЕР I — продажба на храна и сувенири, урбана опрема бр. 5)

 „Булевар Туристичка“ 6p.79  Охрид

НAПOMEНA:

Комисијата не сноси одговорност за ненавремена и неуредна достава на понудите.

Пример за адресирање на плик за достава на понуда:

 

 

“НE OTBOPAJ“

„Да не се отвора пред 10.12.2021

Оглас бp.10/2021

ЈП Градски Пазар Охрид

Комисија за спроведување на оглас за прибирање на понуди за издавање на

урбана опрема бр. 10/2021

 

Дел:                                      , урбана опрема бр.    

(се внесува делот и бројот на урбана опрема за кој понудувачот учествува) “Булевар Туристичка “ бр. 79 Охрид

 

 

Понудата се доставува по пошта или лично во Архивата на ЈП Градски Пазар Охрид.

ЈП Градски Пазар Охрид нема никаква одговорност за ненавремена состава на понудата, нејзино предвремено отворање или губење на истата.

  1. Начин на отворање

Понудите да се достават најдоцна до 10.12.2021  г во 12.00 часот.

  • Електронското Јавното наддавање ке се одржи по евалуација на доставените понуди
  • Јавното надавање ќe се одржи на www.eaukcijaohrid.mk . Напатствија, инструкции и лозинка во писмена форма ке добијат сите учесници кои ги исполниле условите на најмалку 3 (три) дена пред јавното наддавање
  • За денот и часот на јавното наддавање учесниците ќe бидат известени на контакт адресата на   понудувачот и web страната на ЈП Градски Пазар Охрид.
  • За избран ќе се смета понудувачот кој понудил највисока цена за урбана опрема под услов да ги исполнил условите предвидени во точка 3.2.
  1. Предмет на јавно наддавање
  • Предмет на јавното наддавање е  месечната конечна цена, т.е за дадениот период
  1. 7. Склучување на договор

Договор ќе се склучи со понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање.

Договорот ќе се склучи во рок од пет работни дена од денот на приемот на Известувањето  за избор на најповолен понудувач.

Пред склучувањето на Договорот , понудувачот е должен во целост да ги подмири сите трошоци кои произлегуваат од постапката , вклучувајќи ја и комуналната такса.

По склучување на договорот и подмирувањето на обврските кои произлегуваат од истиот, уплатата на комуналната такса и подмирување на обврската која произлегува од задолжението, како и склучување на договор за јавна чистота со JП “Охридски Комуналец”.

Доколку понудувачот кој понудил највисока цена на јавното наддавање, не склучи  договор  во  цитираниот  рок,  договорниот  орган може да склучи договор со следниот рангиран понудувач.

Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Графички приказ

 

Комисија за спроведување на поставка

за издавање на урбана опрема со

Решение бр. 03-612/1 од 30.11.2021

  1. Тони Коталески-претседател
  2. Јован Јованоски-член
  3. Јане Стефаноски -член

и нивни заменици;

  1. Охридија Руменоска-заменик претседател
  2. Кристина Стефаноски-зам. Член
  3. Флутра Мехмед-зам. член

                                                                                       

 

 ЈП ГРАДСКИ ПАЗАР ОХРИД

                                                                                                   В.Д  Директор

                                                                                             Александар Попоски

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Образец на понуда

Поставување урбана опрема за продажба на храна и  сувенири

 

ВРЗ ОСНОВА НА ОБЈАВЕНИОТ ОГЛАС БР. 10/2021 ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ВРЕМЕНО КОРИСТЕЊЕ НА УРБАНА ОПРЕМА ДОСТАВУВАМ

П О Н У Д А    

 

  1. ОПШТ ДЕЛ

Име на понудувачот:                                                                                                      

(назив на правно лице според тековна состојба или име,татково име и презиме за физичко лице)

Контакт информации

Седиште/адреса:                                                             

Телефон:                                                                     

моб.телефон:                                                            

факс:                                                                               

Е-пошта:                                                                              

Лице за контакт:                                                                                                                                  

Одговорно лице (управител) :                                                                                                          

Даночен број :                                                                                      ЕМБС                                                    

ЕМБГ:                                                                                  (за физичко лице)

 

Во прилог на понудата доставувам:

  1. За правни субјекти
    • Потврда за регистрирана дејност издадена од Централен регистар на РСМ или соодветен документ-доказ дека припаѓа на соодветно здружение – (не постари од 6 месеци)
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
    • Фотокопија од лична карта од управителот
  2. За физички лица
    • Фотокопија од лична карта
    • Потврда дека нема заостанати обврски кон општината
  1. ФИНАНСОВА ПОНУДА

 

Број на урбана опрема

Намена на урбаната опрема

 закупнина

 

 

 

 

Со зборови                                                                                                            денари

(се внесува понуден износ )

 

 

 

 

Датум                                                                                              Подносител на понудата

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top