Др Наум Трпеноски офталмолог во јавното здравство Скопје, пердето на очите, успешно го отстранува со најновите медицински достигнувања.
Првата операција во Македонија на катаракта со ултра звук е изведена врз охриѓанка. Тоа го направи стружанецот Др Наум Трпеноски, офталмолог, вработен во јавното здравство во Скопје. Тој воедно е и првиот офталмолог кој успешно изведе операција на катаракта врз пациент кој има Даунов синдром.
Трпеноски вели дека, „Тоа се пациенти кои често неможат да ја издржат општата анестезија а бидејќи имаат некои срцеви малформации и малформации во органите за дишење и тешко е на нив човек да се одлучи да даде анестезија. Се работеше за девојка со катаракта на двете очи наша пара олимпијка, учествува за Македонија во олимпијадата за пливање и која неможеше да ги обавува своите секојдневни активности, а за двете очи беа потребни големи средства некаде околу 3000 евра да таа тоа го направи во странство мада анестезијата и таму е дискутабилна. Јас се решив да рескирам и во локална анестезија само со капки успешно ја изведов интервенцијата“
Трпеноски смета дека на подрачјето на Охридско струшкиот регион потребно е отварање на офталмолошко хируршко одделение. Според него голем е бројот на пациенти од овој регион, кои за оваа услуга мора да одат до Битола и Скопје. Кај Др Трпеноски постои расположение тој да биде дел од тимот на офтамолози- хирурзи во Охрид, кои ќе понудат квалитетна офталмологија, но засега за тоа не добил никаква понуда.
„Досега немало конкретна понуда конкретно од Охридската болница која има свое очно одделние или Р.Е. има релативно доста офтамолози и е чекор пред оформирање на едно одделение. Одделението во секој случај не бара многу освен една мала оперативна сала и лично мислам дека Охрид ги има 70 – 80% од условите за да стартитра со едно офтамолошко хируршко одделение. Потребите од Струга Охрид Дебар Кичево се големи и лично мислам би можеле да привлечиме и од други градови и еве јас имам околу 4-5000 операции“
И во Општа болница Охрид со позитивен пристап и отвореност кон една ваква иницијатива. Менаџментот на установата, веќе сериозно работи на осовременување на офталмолошкото одделение. Кадровски потенцијал има но секој квалитетен кадар не е на одмет, вели портпаролот Др Сашо Василески.
„За колегата кој го спомнувате е мој колега и лично сум разговарал и му предложив доколку има желба и сам да се најде во овој тим, а нашиот менаџмент секогаш ќе биде расположен да прибира квалитетни кадри“.
Ако првата цел е да се заштеди работниот ден на болничката установа, а аналогно на тоа и паричникот на корисниците на услугите, како што кажа Др Василески, пациентите кои имаат проблеми со очите, во голема мера ќе куртулат од големи трошоците кои им се потребни за пат до Скопје па и Битола. Посебно до израз доаѓа доколку се одлучат тоа да го направат приватно. Инаку интервенцијата на катаракта на окото во јавното здравство чини 50 евра плус патни трошоци, додека пак приватно тое е некаде околу 1000 евра.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град