Спречена нелегална продажба на земјоделски произвиоди од камион. Викендов комуналните инспектори одзедоа лубеници, дињи и други видови земјоделски производи кои се продаваат на јавни површини. Ваквиот начин на продажба кај нас се практикува со години и појавата е карактериатична за сите градови во Македонија вели раководителот на комуналниот инспекторат Танас Танасоски.
„Како резулата на инспекциската контрола и сообраќајната полиција запленети се 60 тони бостан во 6 камиони “, информира Танасоски.
Сопствениците на одземената роба претходно повеќе пати биле опоменувани, а сега со контролата платиле глоба во висина од 50 евра и лежарина за ЈП „Охридски комуналец“. Според најновиот Закон за инспекциски надзор одземената роба во текот на 48 часа треба да се испрати до Прекршочната комисија на Министерството за транспорт и врски.
„ Охрид е единствениот град кој почна да се справува со нелегалната продажба на сите видови роба на јавните површини. Досега имаме испратено седум запленети тезги со разни видови роба до Прекршочната комисија вели Танасоски. Раководителот на општинскиот главен инспекторат нагласува дека законот е добар, но има и законски одредби кои би требало да се изменат. Една таква одредба се однесува на седиштето на Прекршочната Комисија која делува во Скопје, а станува збор за итна постапка за одземена роба во другите градови на Македонија, објаснува Танасоски. Многу ќе биде полесно и поедноставно доколку одредбата се измени и Комисијата ја формираат градоначалниците на локално ниво, укажува Танасоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град