„ОДВ“ и „Костал“ најавени како спас на охридската економија

Кон крајот на овој месец започнуваат со  градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“.

 |  Голабовски Крсте  | 
odv

Отпочнувањето со работа на „ODV-ELEKTRIK“ во индустриската зона „Охрид-Струга“ и Автомибилскиот гигант „Костал“ во еден од погоните на „ЕМО“се очекува да бидат спас на локалната економија во нашиов град.  Градоначалникот Никола Бакрачески кажа дека наскоро треба да започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони на „ODV-ELEKTRIK“, каде веќе се вработени 75 лица.

„Во овој момент тече постапка за ангажирање на уште десеттина лица, а на 24-ти јули според најавите на менаџментот на „ODV-ELEKTRIK“ ќе започнат градежните работи во индустриската зона „Охрид-Струга“ на новите производствени погони, онака како што на почетокот беше договорено да тие бидат сместени во некои од постоечките браунфилд капацитети во Охрид“, објасни градоначалникот.

logoНа денешената седница на Советот на општината која советниците имаа можност да поставуваат прашања, токму поврзани со состојбата во која се наоѓа локалната економија, координаторот на советничката група на СДСМ од Охрид, Јован Стојаноски запраша колкав е бројот на вработени во производственито сектор во овие десет години.

„Костал ќе вработи најмалку 800 луѓе во наредните три години.Она што ние го дговораме и добиваме како понуда од странските инвеститори, значи не можеме да измислуваме бројки ниту можеме да измислуваме настани и појави“, објасни Бакрачески.

Изградбата пак на погонотите „ODV-ELEKTRIK“ нема да биде подолга од една година, а планирано е овие индустриски капацитети да вработат во наредните две до три години најмалку 1000 лица од Охрид и Струга.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top