Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи

Одржлив туризам и заштита на природните убавини. Вакви насоки даваат германските соработници од универзитетот Еберсвалде и германската фондација за заштита на природата. Нивната соработка со Факултетот за туризам и угостителство продолжува и се продлабочува. Заедничка цел им  е започнување проекти кои го поддржуваат одржливиот туризам.

 |  Јаковлева Лионела  | 
ftu
фту

 

Културно-историската вредност на Охрид е непроценлива и мора да се чува. Одржливиот туризам е насоката во која градов треба да се движи, барем според советите на германците од универзитетот за одржлив развој од Еберсвалде и фондацијата за заштита на природата. Соработката помеѓу фондацијата за заштита на природата и универзитетот Еберсвалде со нашиот Факултет за туризам и натаму продолжува. Германците задоволни од тоа како досега се реализира нивниот заеднички проект за одржлив туризам. Проф.д-р Хартмут Рајн од Универзитетот од „Еберсвалде“-Германија вели дека Охрид ги има сите погодности само треба да се направи добар туристички производ.ftu

Професор д-р Јаготка Стрезоска од факултетот за туризам вели дека одржливоста е еден аспект на кој мора да се посвети внимание. Во таа насока, Факултетот за туризам воведe мастер студиска програма за одржлив туризам.
    
И од Секторот за ТЛЕР се задоволни од ваквиот вид на соработката.

Инаку, соработката помеѓу нашиот факултет за туризам и германскиот за одржлив развој започна во октомври 2011 година. Врз основа на таа соработка, но и на иницијатива на германската фондација за заштита на природата, се обучуваат професори, но и приватни бизнисмени и невладини организации, како би можеле стекнатото знаење за одржливиот развој и практично да го применат. Проектот треба да заврши до септември 2013.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top