Одржан настан како дел од кампањата „СТОП НА ДОМАШНОТО НАСИЛСТВО. БИДИ ХРАБРА“

На плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.

 |   | 

На плоштадот „Св. Климент Охридски“ се одржа настан кој е дел од кампањата „СТОП на домашното насилство. Биди храбра!“ со кој се дава поддршка на жртвите од семејно насилство.

На настанот присуствуваа претставнички од Здружението на ретки болести „Ретко е да си редок“, Здружение на жени „Бисера“, Здружение „Опција Охрид“, Црвен Крст- Охрид, претставнички од Советот на Општина Охрид и од политичките партии. Охриѓанки кои беа дел од случувањето преку напишана порака на дланките тивко ги подржаа жртвите.

Организатор на настанот е сопругата на бугарскиот амбасадор во земјава, Билјана Ангелова, а со поддршка на Општина Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top