Здружението на новинари одржа комеморативна седница

„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.

 |  Лионела Јаковлева  | 
komemorativna sednica
komemorativna sednica

„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, беше речено на денешната комеморативна седница.

Здружението на новинари од градов по повод трагичниот настан одржа комеморативна седница. На своите трагично загинати колеги, диџеј Пантер и диџеј Бруце охридските новинари им одадоа почит со едноминутно молчење

dj Bruce„Охридската медиумска заедница изгуби двајца свои музички работници кои со својата креативност создаваа музика која ги правеше охриѓани посреќни“, рече новинарот Симон Илиески.

Диџеј Пантер и диџеј Бруце беа дел од новата генерација медиумски работници кои со својот начин на работа со својата креативност и професионализам иако многу млади оставија белег врз она што го работеја, рече Илиески. Овој трагичен настан е причина повеќе да се  зголеми колегиалноста кај новинарската фела во Охрид, додаде тој.

dj PanterЗа Пантер и Бруце со солзи во очите неколку збора кажа и нивниот најблизок соработник  Жанко  З,ш Голабоски
Горан Момироски кој години наназад работеше заедно со трагично загинатите зборуваше дека најмногу ќе ги памети по нивните ведри ликови и позитивна енергија.
Погребот на младите момчиња  ќе биде утре на градските гробишта во Охрид.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top