Донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“ ги раскара охридските советници.
Донесувањето на ДУП за дел од месноста „Бејбунар“ ги раскара охридските советници.
И покрај решението од страна на Министерството за транспорт и врски дека Предлог планот за оваа урбана заедница е огласен за ништовен во целост, советниците ја изгласаа оваа точка од дневниот ред.
Предлог одлуката за донесување ДУП за урбана заедница 8, урбан блок 8.3 ги разбранува страстите на охридските советници. Ванчо Огненов од ВМРО ДПМНЕ побара оваа точка да се тргне од дневен ред со образложение дека до Министерството за транспорт и врски од страна на Министерството за култура- Упарава за заштита на културното наследство, било доставено Решение за привремена заштита на овој опфат со образложение дека станува збор за археолошки локалитет. По ова Министерството за транспорт и врски на 14. 10 донесло решение во кое Предлог планот за оваа урбана заедница се огласува за ништовен во целост.
Градоначалникот Петрески бурно реагираше на барањето од страна на советникот Огненов точката со реден број 5 да се одложи за некоја наредна седница со образложение дека ова е веќе последната фаза од постапката во врска со оваа Урбана заедница па ресорното министерство имало доволно време да реагира доколку сметало дека има некакви реални пречки за донесувањето на ДУПОТ за дел од „Бејбунар“. Петрески смета дека ваквата реакција е политичка хајка и тоа на пониско ниво.
И покрај реакциите на советникот од ВМРО точката не беше тргната од дневен ред и беше изгласана со мнозинство гласови. Се отвара дилемата дали и овој случај на крај ќе заврши како оној со плацевите во месноста „Чекоштина“ кои беа продадени од страна на државата за по неколку месеци Упарава за заштита на културното наследство да одлучи дека ова место е археолошки локалитет. На сопствениците им беа вратени парите, а нивните соништа дека таму ќе изградат сопствени објекти паднаа во вода.
Советниците експресно усвоија уште неколку предлог одлуки за утврдување Нацрт детални урбанистички планови меѓу кои и за делот кај полигонот за мали спортови каде ќе се гради долгонајавуваниот конгресен центар. Инаку оваа точка беше ставена на дневен ред уште на минатата седница на советот но на барање на советниците на ВМРО НП беше одложена. Тие тогаш инсистираа да им се достават пообемни и подетални информации како точно е осмислен овој простор. На денешната седница воопшто не се отвори расправа по оваа точка, а советниците од НП кажаа дека овојпат нивните барања се испочитувани.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град