На Митингот кој започна со задоцнување од половина час, Коалицијата предводена од СДСМ вечерва во Охрид ги промовираше дел од кандидатите за пратеници во Петтата изборна единица како и својата изборна програма. Инаку во коалицијата која што ја предводи СДСМ ја сочинуваат петнаесет партии. Само да напоменеме покрај митингот во Охрид, вечерва коалицијата одржа митинг и во соседна Струга
Прв на охриѓани им се обрати Аднан Ќахил, претседателот на Партијата за движење на Турците во Македонија.Потоа зборуваше, Самка Ибаримовскиод Партијата за целосна еманципација на ромите и Ердоган Сарач, досегашниот претседател на Движењето за национално единство на Турците во Македонија.
Беше претставен единствениот кандидат за пратеник од коалицијата на СДСМ од Охрид, Митре Вељаноски. Вељаноски кој цитирајќи еден голем Охриѓанец, поетот Григор Прличев, Лицем Свеци, Срцем Волци, актуелната власт ја нарече лицемери.
Вељаноски зборуваше за библиотеката во Охрид, која пропага,за детската специјална болинца која не функционира, за динамиката на работите за реконструкција на општата болниц,а наметнатите проблеми во туризмот образованието и друго.
Исто така пред Охриѓани зборуваше и Фијат Цаноски претседателот на ПЕИ како и ностителот на листата во петта изборна единица Јани Макрадули.
За крај на Охриѓани им се обратија и Радмила Шекеринска ,кандидатот не Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) за премиер, како и лидерот на партијата Бранко Црвенковски. Од Говорницата во Охрид упатија критики кон економските политики на власта и односот кон ЕУ и НАТО, и додадоа дека , Македонија е држава со голема сиромаштија, невработенот, корупција, криминал, без странски инвестиции, изолирана и оддалачена од авроатланските интеграции.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град