Божиќната песна „Тивка ноќ„ беше само еден дел од музичката програма која изобилуваше со весели Новогодишни и Божиќни песни.
Прекрасната празнична атмосфера за посетителите ја приредија охридскиот хор, оркестарот на гимназијата и музичката група Сигма.Концертот беше со хуманитарен карактер, а средствата кои се собраа се наменети за донирање на слепите лица од Охрид.
Славчо Џајкоски, претседател на Здружението на слепи лица вели „ вечерашните средства ќе бидат правилно искоритени. Ова е само почеток на акцијата која ќе следува во 2009 година за подобрување на животните услови на семејствата на слепи лица. Станува збор за околу 40 –тина семејства претежно социјални случаи на кои им е потребна помош“.
Организатори на овој хуманитарен концерт беа членовите на Лајонс Клубот Охрид. Тие потенцираат дека со нивните активностои продолжуваат и понатака. Во нивната програма имаат зацртано и други активности.
Драган Спасекси Охридски вели дека следува Топ 10 програмата за истакнување на најдобрите ученици од охридксите основни училишта, а во престојниот период ќе се проширува и на средношколците.
Во преполната сала на Центарот за култура во звуците на весела музучка програма уживаа голем број посетители ,а меѓу нив беа градоначлникот Александар Петрески и екс министерот за внатрешни работи Љубе Бошкоски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град