Се одржа општинското натпреварување во Детски семафор

Позитивните навики треба да се развиват од најрана младост со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот. И годинава на Градскиот кеј во Охрид се одржа традиционалната сообраќајно воспитна манифестација „Детски семфор“.

 |  Николоска Биљана  | 
tocokovi
точкови

Традиционално и годинава во Охрид се одржа општинскиот натпревар од сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафор.“ Оваа манифестација се одвива во два дела, теоретски, проверка на познавањето на сообраќајните знаци, правилата и прописите преку тестирање и практичен дел односно вешто возење со велосипед на уреден полигон на ул. „Кеј Маршал Тито“. tocokoviЦане Георгиески претседателот на Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата во Охрид, ја истакна важност од организирањето на една ваква манифестација.

„Секоја нова генерација мораме да ја подготвуваме од најмала возраст бидејќи тие ќе бидат учесници во сообраќајот независно  дали ќе бидат пешаци, возачи на велосипеди и мопеди а утре и возила, значи мораме перманентно да ги подготвуваме во смисол да имаме утре добри возачи и безбедноста сосотојба во целост да се подобри“.

Годинава покрај натпреварувачкиот карактер на сообраќајно воспитната манифестација „Детски семафоро“ има и една новина, потенцира Георгиески.

tocokovi„Показната вежба за укажување помош на лица повредени во сообраќајна незгода, и тука ни се претставниците од ОО на Црвениот Крст кој што помагаат целосно во реализацијата на овој настан и ќе ја извршат и оваа показна работа за учениците“.

Во натправарот кој пред се има едукативен карактер,  учествувааат сите основни училишта на подрачјето на општина Охрид, односно  8 училишта кои се застапени со екипи од 6 члена, по претходна елиминција, проверка на знаењето, така што денес се натпреваруваа најдобрите ученици во машка и женска категорија. За првите три места организаторот Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Општина Охрид, обезбеди пехари во трајна сопственост. Екипно првото место го освои О.У. Кочо Рацин, второто место О.У. „Григор Прличев“ и трето О.У. „Живко Чинго “ од село Велгошти. Велосипед доби Марија Јолеска и Бојан Илиоски од О.У. „Кочо Рацин“ за освоено прво место, таблетот отиде во рацете на Каролина Ѓореска од Кочо Рацин и Наум Шибакоски од О.У. „Живко Чинго“, за освоено второ место и фотоапарат доби Јана Петреска од О.У. „Григор Прличев “ и Мартин Силјаноски од О.У. „Кочо Рацин“.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top