Одредени локациите каде што ќе се постават подземните контејнери

Одредени локациите каде што ќе се постават подземните контејнери. Според Локалната најсоодветно место за овие современи контејнери е улицата Македонски просветители. Со нивното поставување многу ќе се придонесе за осовременување на системот за складирање и подигање на комуналниот отпад и за подобрување на јавната хигиена во градот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

 

Охрид наскоро ќе добие три подземни контејнери. На последната седница на совет беа одредени локациите каде што ќе бидат поставени. Подземните конејнери ќе бидат распоредени в долж улицата Македонски просветители и тоа едниот кај некогашната стара стоковна куќа на пресекот со улицата Даме Груев, другиот на пресекот на Македонски просветители со улицата Димитар Влахов и третиот наспроти маркетот Рамстор. Оваа иницијатива е дел од реализација на проект од Центарот за Развој на Југозападниот плански регион.

Сметаме дека ова се најсоодветните локации за поставување современи подземни контејнери. На ваков начин бенефитот е повеќекратен бидејќи ќе се подобри сликата за чист Охрид, а и ќе му се олесни на ЈП Комуналец при подигањето на сметот пред се во летниот период кога во градов има поголема фреквенција на туристи, вели Томе Џамтоски- портпаролот на локалната самоуправа.


Контејнерите ќе бидат од 3 по 3 метри кубни и адаптирани се за да можат камионите да ги подигаат и празнат. Исто така предвидено е селекција на отпадот. Со ваквиот начин на одлагање отпад ќе се избегне лошата слика во градот нема да се чуствува непријатната миризба, а се намалува и трошокот на јавнoтo комуналнo претпријатиe коe помалку ќе треба да подига отпад посебно во летниот период.

Сега се одредија само локациите на кои ќе се поставуваат современите подземни контејнери. Допрва ќе се распишува јавен повик за нивна набавка и нивно поставување бидејќи треба ад се направи соодветен простор каде истите ќе бидат сместени, објаснува Џамтоски.

За реализација на овој регионален проект се одвоени средства во висина од 30 000 евра за подземните контејнери, за Охрид и Кичево 40 000 евра, а за Струга и Дебар. Во Струга веќе функционираат три контејнери кои се поставени во централното градско јадро на самиот агол од плоштадот кај споменикот на револуцијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top