Односи Локална самоуправа – ЕВН

Градските избраници дискутираа за проблемите на ЕВН и локалната самоуправа. „Овој проблем со кој се соочуваат сите општини, не само ние.

 |  Татјана Маленкова  | 

Со ЕВН од една страна преговара владата, а од другата страна ние, како ЗЕЛС, рече градоначалникот Александар Петрески.
Информацијата за вложување на Општина Охрид во изградба на инфраструктурата на ЕВН, помина кај градските избраници. На 9 тата седница на советот пратеникот од ВМРО НП, Јоне Станкоски побара од локалната администрација и градоначалникот, детали за долговите од локалната спрема ЕВН, но и обратно.

Работнта единица Колектор да премине во меѓудржавно претпријатие порача денес градоначалникот Александар Петрески. Тоа би било со цел општината успешно да го надмине долгогодишниот проблем со долгот на општината спрема ЕВН.
„Со ЕВН,немаме само ние поблем. Исти маки имаат и останатите општини“, рече градоначалникот Александар Петрески.
На средбата која ЗЕЛС треба да ја одржи утре, а ќе се однесува на проблемите на локалните самоуправи и ЕВН, градоначалникот доби задача да се заложи да се продискутира и за имотно правните односи на граѓаните и ЕВН. Советникот Томислав Тунтев побара во преговорите на ниво на ЗЕЛС да се споменат проблемите на жителите од стариот дел на Охрид, кои постојано се соочуваат со прекин на електричн енергија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top