Oдлoжено судското рочиште за глисерската несреќа

Овој пат во судницата изостана присуството на бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.

 |  Голабовски Крсте  | 
Kristijan Sapkar
Кристијан Шапкар

Уште едно одлагање на главниот претрес од судското рочиште за глисерската несреќа во која пред речиси три години животот го загуби Ирина Романова Муцунски. На денешниот претрес, во судницата не се појави бранителот на оштетените, адвокатот Татјана Поповски.Таа заедно со јавниот обвинител Наум Паноски, на последниот претрес побараа ново вештачење, со кое треба точно да се утврди кога Кристијан Шапкар консумирал алкохол, дали пред или после несреќата.

osnoven sud OhridПаноски тогаш потенцира дека истото треба да биде спроведено од страна на  Инситутот за судска медицина при Медицинскиот факултет од Скопје. Што се однесува до претходното вештачење, направено од страна на Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје, адвокатот на оштетените Татјана Поповски на претходниот претрес рече дека истото е неуредно, со документи чие потекло не може да се утврди, приложени на странски јазик и без соодветен судски превод.
На денешниот главен претрес, предмететот од вештачењето на Институтот за судска медицина при Медицински факултет од Скопје, не беше пристигнат. Инаку, ова е деветнаесетто закажано судско рочиште за овој случај. Првото се одржа на 13-ти мај 2010 година. Судијата Милчо Клишески, следното рочиште го закажа за 14 јуни 2012 година.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top