Продолжението на судскиот процес закажано за 22 декември.
Продолжението на судскиот процес закажано за 22 декември.
Во охридскиот Основен суд се одложи, за денес закажаниот, судскиот процес против Лазе Радески. Тој е осомничен дека ги извршил убиствата на тројцата дилери на девизи: Трајче Цоцески, Спиро Ставрески и Раим Рахип.
Утринава, судот бил телефонски известен од страна на скопскиот затвор дека Радески не може да присуствува на рочиштето поради здравствени проблеми. Бил извршен преглед од страна на доктор, по кој на Радески не му била издадена дозвола да присуствува на судењето закажано за денес. Од тие причини, судијата продолжението на судскиот процес против Радески го закажа за на 22 овој месец.
Инаку, судскиот процес против Радески започна во септември. На првото одржано рочиште, Радески го призна убиството само на Трајче Цоцески. За останатите две убиства се изјасна како невин. Оваа изјава се разликуваше од двете изјави претходно дадени во текот на истражната постапка во кои ги признал убиствата.
Во својство на сведоци пред Судскиот совет на изминатите рочишта се јавија и членовите на семејствата на жртвите.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град