Денеска во Основниот суд во Охрид, одложен судскиот спор за потонувањето на бродот „Илинден“. По втор пат, на главниот претрес, иако, претходно бил уредно поканет, не се појави второ обвинетиот Бранко Баиќ, претставникот на осигурителната компанија „Лојд“, кој живее во Белград. Обвинителот Зоран Митрески, даде предлог до судијката Милка Танеска, која го води овој претрес, на второ обвинетиот Баиќ да му се суди во отсуство. Поради оваа причина, Танеска го одложи денешното рочиште за 28 февруари, како би имало време Баиќ да биде известен за предлог решението Судскиот совет, по барање на обвинителството. Бранителите на прво обвинетиот Сотир Филески, адвокатите Саво Коцарев и Димитрие Цобоски и овој пат категорични дека ќе докажат пред лицето на правдата дека нивниот клиент не е виновен.
„Ние мислиме дека Филевски не е виновен и тоа ќе го докажиме. Филевски нема апсолутно никаква вина за несреќата, ниту со надградбата на горната палуба на бродот, оттаму што бродот таков бил купен и уредно регистриран, изјави Саво Коцарев.
Владимир Владимиров застапникот на семејствата на оштетените, задоволен од денешниот прдлог на обвинителството, на Баиќ да му се суди во отсуство. Тој изјави дека веќе нема пречки за понатамошен развој на делото. Владимиров рече дека направена е компетентна експертиза од страна на Машинскиот факултет во Скопје, но, сепак сугерираше дека потребно е дополнително мислење на морски бродски инженери.
„Македонските власти склучиле договор со германски „Лојд“ врз основа на две резолуции од Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, што значи дека Македонија ги применила меѓународните правила за пловидба што важат во целиот свет, рече Владимиров, кој додаде дека и „Лојд“, како овластен бродски регистер што ги издавал дозволите за пловидба на бродовите по Охридското Езеро, треба да е вклучен во техничката експертиза на бродот „Илинден“ што досега не е направено.
Во Бугарија делото е во Државната истражна служба, и со точност бранителот на оштетените не можеше да каже колкав е износот на нивните побарувања за оштета. Инаку, како што е веќе познато и експонирано во јавноста, последниот курс на бродот „Илинден“, беше на 5 ти септември 2009 година, кој заплови на пат до атрактивното туристичко место Св Наум, до каде нестигна, бидејќи потона во близина на „Елешец“, и однесе 15 животи на бугарски туристи.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град