Одложен судскиот претрес против двајцата обвинети за педофилија

Денеска во Основниот суд Охрид се одложи претресот за предметот на педофилија во Охрид, кој се случи минатата година на 22 октомври во помошна просторија на пазарот на големо, кој се наоѓа на ул. Сирма Војвода.

 |  Николоска Биљана  | 
sud
суд

Одложен повторениот претрес за преметот на педофилија кој се случи минатата година во Охрид. Причина, неизготвеното вештачење од релевантниот институт во Скопје како и поради неприсуство на прво обвинетиот кој се наоѓа на неуропсихијатрискo набљудување. mesto na pedofilПосле изречената првостепена пресуда од страна на Основниот суд во Охрид,10 години затвор за кумановчанецот Далибор Јакимовски и 3 год и 6 месеци за струмичанецот Горанчо Ѓорѓиев, на барање на бранителите на обвинетите, предметот беше обжален. Како што ТВМ минатата година информираше, прво овинетиот Далибор се терети за полов напад врз малолетно лице кое не наполнило 14 год и второ обвинетиот Горанчо за подведување и овозможување полови дејствија, како и прикажување на порнографски материјал на малолетни лица. Бранителот на обвинетиот Далибор, Ѓоко Шаин, вели дека од страна на Апелациониот суд во Битола уважени биле нивните жалби. Додава дека пресудата е укината и предметот е вратен на повторно судење во Основниот суд во Охрид со поголем број напатствија на кои укажува Апелациониот суд во Битола.  Додека пак адвокатот на оштетените малолетници, Славица Десановска, на следниот претрес кој е закажан на 6 ти декември, очекува, судот уште еднаш детално да ги разгледа и земе во предвид сите досегашни изјави и на двете страни , вештачења и докази, па дури и зголемување на казната, доколку точно се потврди стореното дело.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top