Охридската полиција ќе поднесе кривична пријава против лице од Охрид кое одгледувало марихуана во неговиот дом.
Охридската полиција ќе поднесе кривична пријава против лице од Охрид кое одгледувало марихуана во неговиот дом.
При претрес на неговата куќа полицијата открила 57 садници на растението „канабис сатива“, засадени во саксии и пластични чаши, како и 600 семки од истото растение.
Како што се наведува во полициското соопштение, инспектори од Оделението за недозволена трговија со дрога при Полициска станица – Охрид, по преходно добиени оперативни сознанија како и обезбедена наредба од истражен судија, извршиле претрес во домот на лицето И.М. (39) од Охрид.
Притоа, во една од собите биле пронајдени 57 садници канабис засадени во пластични чаши, како и три поголеми пластични саксии со повеќе садници на терасата.
При претресот, пронајдени се дополнителен помал број на семки во пластична амбалажа, но и други завиткани во целофан, гранчиња од растението канабис и отпушок од рачно изработен џоинт.
Според СВР – Охрид, предметите се одземени и предадени на вештачење, по што против лицето И.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град