• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“

Одделот за зајмување книги во НУ Библиотека се сели во делот на некогашно „Охридско лето“

Од вторник 7-ми декември, во пресрет на големиот празник посветен на Свети Климент Охридски – Патронот на Охрид, НУ Библиотека „Григор Прличев“ и официјално ќе го отвори адаптираното крило во кое претходно функционираше дирекцијата на фестивалот „Охридско лето“.

 |   | 

Во тој простор во иднина ќе функционира пултот за издавање за деца и возрасни, со истото работно време со корисници на услугите, како и досега од 8 и 30 до 18 и 30 часот. Замислата е библиотеката во иднина да биде од отворен тип, но во време на корона и натаму ќе се почитуваат сите мерки и протоколи против Ковид -19 – велат од Градската библиотека.

Тимот на библиотеката паралелно со секојдневните обврски, работеше и на преселувањето од еден во друг простор на над 150 000 библиотечни единици белетристика, стручна литература и периодика.

Годинава НУ Библиотека „Григор Прличев“ одбележува седум децении откако го носи името на патронот – големиот поет и преродбеник Прличев.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top