Одбележан Светскиот ден на срцето

Одбележан Светскиот ден на срцето. Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година нивни тимови мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Во организација на Охридскиот Завод за кардиоваскуларни заболувања и оваа година, традиционално се одбележа Светскиот ден на срцето. Овој настан има за цел да ја направи што подостапна информацијата дека срцевите заболувања и мозочниот удар се водечка причина за смртност во светот и се одговорни за 17.3 милиони изгубени животи годишно. Денес тимови од Заводот за кардиоваскуларни заболувања мереа притисок, правеа ека-ге и други рутински прегледи на сите оние кои сакаа да го исконтролираат своето здравје. Беа прегледани околу 150 охриѓани, но и гости.

Онаму каде што нашите доктори забележале проблем и потреба од други испитувања ги упатуваат граѓаните да дојдат во заводот на подетални прегледи од понеделник па понатаму, вели Анита Стрезоска- портпарол на Заводот за кардиоваскуларни заболувања.

Секоја година одбележувањето на овој ден има различно мото кое опфаќа прашања и теми поврзани со здравјето на срцето. Годинешното мото е „ Се за нашето здравје“. Пораката е дека местата во кои живееме, работиме, се забавуваме, не треба да ги зголемуваат ризиците за кардиоваскуларни заболувања.

Се информирани, но мислам дека треба уште повеќе да се информираат поради тоа заводот е секогаш отворен за разговор, за консултации и нашиот тим доктори се расположени да им излезат во пресрет и да им кажат како треба правилно да живеат и доколку има некоја потрееба и да се интервенира околу некое заболување на срцето, вели Стрезоска.

Заводот за кардиоваскуларни заболувања е првата здравствена институција која пред повеќе години се вклучи во одбележувањето на овој ден. Годинава централниот настан се одржа на градскиот плоштад, каде беше поставен шатор каде покрај прегледите на заинтересираните граѓаниим се даваа и бесплатни совети од страна на доктори од Заводот за кардиоваскуларни заболувања поврзани со здравјето на срцето и со правилната исхрана и физичките активности. Целта е да се придонесе за подигање на јавната свест за неопходноста од преземање на сите потребни мерки во насока на превенција на овие заболувања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top