Одбележани „Денот на акција“ и 7 ми Ноември

О.У. „Братство Единство“, со низа активности се приклучи кон одбележувањето на два настани, ослободувањето на градот и светскиот „Ден на акција“ на еко училиштата.

 |  Николоска Биљана  | 
bratstvo
братство

 

Учениците од прво до осмо одделение во О.У. „Братство Единство“, денес покрај училишните обврски беа дополнително ангажирани. ucenicibratstvoТие со различни активности го одбележаа денот на ослободување на градот 7 ми Ноември а воедно го одбележаа и светскиот „Ден на акција“, на еко-училиштата и еко-градинките. Некои засадија цвеќиња, други танцуваа, трети изведуваа игри без граници и сите беа задоволни од сработеното.

„Ние денеска садевме разни цвеќиња и горди сме што го разубавивме училиштето. Jас бев вклучена во активноста за садење на цвеќиња и ќе допринесиме за уредување на нашето училиште.Изгледа супер и добро е одлично“-изјавија учениците.

Подготовките за одбележување на двата настани а igrabratstvoпосебно за денот на акцијата течеа неколки дена претходно, вели Јулијана Алексиоска, координатор на еко проектот во училиштето. Таа додаде дека иако временските услови не им биле наклонети успешно ги реализирале предвидените активности.               

„Беа вклучени сите ученици од трите наставни јазици активностите се одвиваа во двете училишни згради со комбинација на македонско-албанско и македонско-турски паралелки. Дечињата во зависност од својата возраст изведуваа различни активности“-вели Алексиоска.

Активностите по повод двата настани се одвиваа во двете училишни згради на О.У. „Братство Единство“. Инаку треба да се спомене дека ова основно училиште добро ја започна учебната година со светската награда за проектот на заштеда на енергија.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top