А ден Долард е човекот кој има значајна улога во развојот на холандско македонските односи. Денеска Културно-информативниот центар „Култура 365“ го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија.
Културно-информативниот центар „Култура 365“ денеска трета година по ред го одбележа роденденот на холандскиот новинар, писател, патеписец и вљубеник во Охрид и Македонија А. ден Долард. За неговиот животен пат и она што го оставил зад себе пред присутните зборуваше писателот Мишо Јузмески. Тој истакна дека Долард е истакнат по тоа што повеќе децении од својот живот потрошил работејќи на промоцијата на Охрид и Македонија меѓу холанѓаните.
„Неговата активност или поточно кажано Охрид и Македонија како тема во неговото пишување се присутни од триесеттите години на минатиот век до речиси последните денови на неговиот живот. Се работи за период од 50 години активно творештво каде што Македонија и Охрид се присутни во неговите творби и со оглед на тоа што се работи за личност кој имал големо влијание во холандската средина дал голем придонес во будењето на интересот кај луѓето од тој дел на светот од Европа, кон Охрид. Значи тој не носел туристи не испраќал туристи тој тоа воопшто не сакал да го направи во животот , но сепак намерно или не, успеал да предизвика една мала културна револуција во свеста на холандската читателска јавност“ – истакна Јузмески.
На 29 мај 2006 година, беше подигнат споменик во чест на А. ден Долард кој за жал во неколку наврати беше мета на вандали. Јузмески нагласи дека спомен обележјето на А. Ден Долард не ја врши функцијата за која што е наменет.
„Во моментот и подолг временски период не се води сметка за тоа обележје и со тоа што го претставува значи фактички тоа повеќе е обележје на нашата негрижа на нашиот однос не само кон А ден Долард него воопшто како целина кон градот, кон живот значи би рекол се води негрижа и секогаш кога ќе поминам таму се разочарувам“– вели Јузмески.
А. ден Долард е роден на 7 февруари 1901 година. Неговото вистинско име е Корнелис Јоханес Георг Спулстра Помладиот. Автор е на бројни книги романи, патеписи, раскази, поезија. Покрај за охриѓани најпознатото дело и единствено преведено на македонски јазик „Свадбата на седумте цигани“, во Македонија Долаард пронашол инспирација и за патеписите „Дивјаците на Европа“, „За слобода и смрт“, „Четири месеци кај комитите“ и романот посветен на борбата за слободна Македонија „Ориент Експрес“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град