Охридските пожарникари на поклон добија ново возило и опрема.
Охридските пожарникари го одбележаа 20 мај- Денот на пожарникарството. Преку вежби ги покажаа своите вештини при гаснење на пожар и спасување на повредени во сообраќајна несреќа.
Притоа, беше користено и новото противопожарно возило и опремата- донирани од фондацијата „Флоријан“, кои официјално денес и беа предадени на општината.
Вработените во Противпожарната единица денес ги демонстрираа и вештините стекнати во текот на двонеделната обука спроведена од страна на англиски и француски инструктори- пожарникари.
Градоначалникот Петрески, потенцира дека за непречено функционирање на противпожарната единица во Охрид, неопходно е покрај вложувањето во кадар, да се инвестира и во опрема.
Петрески најави дислоцирање на Противпожарната станица, заедно со полицијата и затворот. Како што потенцира градоначалникот, тие ќе бидат сместени на многу посоодветно место од колку што тоа е строгиот центар на градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град