Охридскиот Плоштад низ времињата го менувал изгледот. Денес е модерен простор со современи кафулиња, споменици, цветен парк, а некогаш бил житно пазариште.
Охридскиот Плоштад низ времињата го менувал изгледот. Денес е модерен простор со современи кафулиња, споменици, цветен парк, а некогаш бил житно пазариште. Но, и сега и некогаш сите патишта воделе кон него. На тој простор, покрај езерото, се тргувало, се купувало и продавало, пристигале автобуси, доаѓале добронамерници, но и поробувачи.
Во периодот помеѓу двете светски војни на плоштадот бил лоциран житниот пазар. Житото се продавало на кантар, со специјална направа наречена осмак, а не на килограм како денес.
Најмногу на житното пазариште се тргувало со пченица. Два осмаци жито правеле едно кило жито или околу 70 килограми. Со еден осмак се садела пченица. Како мерна единица се применувал и кутел. Еден кутел отприлика бил 10 килограми. За мелење на пченицата во оклината на Охрид, во Видобишта и Велгошти имало околу 20-тина воденици, на Рамненска река и Летничките води. Воденичарите доаѓале со коњи од домовите го земале житото го мелеле според желбата, а плаќањето било со количина брашно или т.н. ујен. За сомеленото жито воденичарите земале два килограми брашно. Лебот не се продавал туку обичај било домаќинките дома да го месат и да го однесат на фурна за печење. Секоја маала имала и по неколку фурни. Така на пример Варош имал околу 10 –тина фурни, скоро на секој ќош по една.
Иako, во најголем дел се тргувало со жито, но се продавале и купувале најразлични производи. Тука охриѓани се снабдувале со гаска, шеќер масло, сол, ориз.
На плоштадот доаѓале трговци од Албанија и Грција, ама и луѓе со чалми од Азија, натоварени со карвани од камили.
Во градот биле познати и неколку трговски охридски семејства како што биле Јаневци, Групчевци, Филевци. На плоштадот имало и меана односно ресторан според денешниот современ речник. Пазарниот ден бил еднаш во неделата, и се одржувал во понеделник. Тогаш меанџииите за пазарџиите печеле по некое јаре, се правеле тепсии со ориз и полџај, по охридски полжави, потоа тепсии со плашици и кромид, сето тоа испечено во фурна. Пазарџиите добриот оброк го залевале со познатото охридско вино кое било наделку прочуено, а лозовите насади се обработувале во Горица, Рача, Трно, Дебело Поле. Охриѓани одгледувале лозови насади, па се тргувало со вино и ракија, кое е опеано во песната Билјана платно белеше. Во близина на плоштадот, се наоѓала и Кучкарска табана. Тука се штавеле, но и се тргувало со најразлични видови кожа. Се обработувале кожи од кучиња, мачки, јариња, телиња, зајаци. Иако местото било жалосно, нечисто ама не било загадено. Немало детергенти , а езерото вриело од риби. Мештаните со секое фрлање кепче ваделе многу риба, имало и многу норој. Во близина на плоштадот била и Долна Порта, од тука бил влезот за Варош.
На плоштадот бил и хотелот на Радич, тука била и автобуската станица, пристигале автобуси, доаѓале добронамерници. На ова место се растовариле и окупаторските војски во Втората светска војна.
Ликот на плоштадот низ времињата постојано се менувал. Сепак, заедничка останала посетеноста на луѓето. Денес, овој простор е омилено шеталиште и одморалиште за охриѓани и гостите, каде што можат да уживаат во убавините кои што ги нуди градот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град