Од ВМРО сеуште молк

И понатаму останува неизвесно името на кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

 |  Тања Кувенџиска  | 
zname
знаме

И понатаму останува неизвесно името на кандидат за градоначалник од редовите на ВМРО- ДПМНЕ.

Од партијата најавуваат дека тоа ќе биде објавено во наредните неколку дена. На ниво на општина Охрид до денес отворени се 3 листи за кандидати за советници и една листа за независен кандидат за градоначалник.  

Од ВМРО- ДПМНЕ се уште не се открива името на кандидатот за градоначалник. Како што ТВМ дознава, денес во Скопје во Централниот комитет на партијата се вршеле последните консултации, на кои присуствувал и Претседателот на општинскиот комитет, Борис Стефаноски. Се очекува името на кандидатот за градоначалник од оваа партија да биде објавено во текот на оваа недела.

opstinski komitetЗасега, официјално пријавени кандидати за градоначалничката фотелја се: актуелниот градоначалник Александар Петрески и Ацо Попоски- претседател на охридската НСДП.  За оваа функција претендира и Владо Рувинов- Љац, кој во моментов ги прибира потребните потписи за кандидатура.
До општинската изборна комисија, заклучно денес поднесени се и три листи за кандидати на совет на општина Охрид. Како подносители се јавуваат: Перо Петрески- калимеро, Љупчо Настоски и Владо Цветкоски.

Отворени се и 7 листи за кандидати за претседател на РМ. Потписите се собираат во просториите на Подрачната единица на Министерството за правда, како и во неколку месните заедници.  
Во тек е и увидот во избирачките списоци кој ќе трае до 03.02, датум до кој може да се поднесуваат и нови листи на кандидати.

Како што е познато, за независен кандидат за претседател потребно е да се соберат 10.000 потписи на ниво на РМ, додека пак за независен кандидат за градоначалник и советници за општина Охрид, потребни се 350 потписи.

 

 

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top