Од утре започнува имунизација против сезонски грип со комерцијални вакцини

Од утре започнува имунизација против сезонски грип со комерцијални вакцини. Бесплатното вакцирање ќе започне од 25 Ноември. Вакцините се набавени, се четири валентни и се со висок квалитет.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Од утре започнува имунизација против сезонски грип, но со комерцијални вакцини. Цената на вакцината е 650 денари и е од француско потекло и е четворовалентна и со висок квалитет. Вакцинирањето ќе се врши од 8 до 14 часот. Бесплатното вакцирање ќе започне од 25 Ноември. Право на имунизација против сезонски грип без надомест имаат лица над 65 год., лица со хронични заболувања, бремени жени и здравствени работници и деца на возраст од 6месеци до 5 години. Сите тие мора да имаат упат од матичниот лекар со назначен термин за вакцинирање. Оваа вакцина е обезбедена од Министерството за здравство и е од холандски производител. И таа е четиривалентна и високо квалитетна.

Ние како Центар за јавно здравје ја вршиме апликацијата на вакцината, а матичните лекари се оние кои го даваат соодветниот упат на кој ќе биде назначен терминот за вакцинирање. Неофицијално од утре ќе почнат да се отвораат термини и матичните лекари ќе можат да даваат упати, вели Сашо Точков- директор на ЦЗЈЗ.

Бесплатни вакцини има 2400 дози од кои 1350 се за Охрид, 800 за Струга и 350 за Дебар. Од комерцијалните вакцини има 2000 дози. Имунизацијата во однос на минатите години се врши подоцна, а причина за тоа се временските услови и сеуште високите температури.

Стручните лица кажуваат дека не е доцна за започнувањето со вакцинирање против сезонски грип бидејќи грипот се јавува најчесто во втората половина на месец декември, во јануари зема замав, а во февруари е пикот на ова заразно заболување. Десет до петнаесет дена е периодот потребен да се создадат антитела и да има ефект имунизацијата, вели Точков.

Интерес кај граѓаните за вакцинирање против сезонски грип има. Веќе е започнато да се прават списоци. Од Центарот за јавно здравје информираат и дека за сите оние лица кои не се подвижни или од други причини неможат да дојдат во центарот и да се вакцинираат, екипи ќе одат во нивните домови и ќе ги имунизираат. Оние кои нема да се вакцинираат комерцијално мора да имаат упат од матичен лекар.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top