Оваа новина која ја воведува Центарот за јавно здравје е во насока на подобрување на здравствените лабораториски услуги.
Центарот за јавно здравје од Охрид со новина во своето работење. Од почетокот на идниов месец ќе започнат со испраќање на резултати од микробиолошки испитувања преку е мејл до пациентите. Оваа новина велат дека е во насока на подобрување на здравствените лабораториски услуги кои ги нуди Центарот. Новата можност може да ја искористат сите пациенти кои ќе дадат согласност своите резултати да ги добиваат во електронска форма. Според д-р Сашо Точков од Центарот за јавно здравје, со воведувањето на оваа услуга, ќе се штеди и на време и на пари, а ќе се добие и поголема ефикасност.Целиот процес ќе оди во соработка со матичните лекари кои ќе можат многу брзо да добијат информација за здравствената состојба на своите пациенти. Повеќе информации околу новините во Центарот за јавно здравје ќе може да добиете во Дневникот на Телевизија ТВМ, во 17 часот.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град