Од концерти право на интерно

Бројните музички концерти во овој период, го полнат интерното одделение при Општата болница.

 |  Мишел Наумоски  | 
interno oddelenie
интерно одделение

Забавите и концертите кои се карактеристични за Охрид во овој период, стануваат меч со две острици. Се почесто она што започнува како добра забава, знае да стане најголем кошмар. За жал, главна улога во оваа приказна имаат се поголем број на млади луѓе. Токму ова е причината, интерното одделение при Општата болница, овие денови да има полни раце работа. Оттаму ни велат дека младите се почесто си ги продолжуваат ваквите забави во своја режија, и за жал завршуваат токму на интерното одделение. Причина-предозираноста со алкохол. Д-р Сашо Василевски, специјалист интернист при Општата болница, вели дека само во изминатото деноноќие имале 5 вакви случаи. Страшна е и возраста на пациентите. Најстариот од нив имал 22 години, додека најмладиот, само 14 години.

d-r Sasho Vasilevski „Тоа е еден огромен додатен проблем на моите екипи и на мене лично кои дежураме преку вечер. Наше е да му пружиме основна медицинска помош на тој пациент за да биде подобар. Кога ќе се освестат, ни се случува истите да бидат агресивни, буквално агресивни, па имаме потреба да викаме и служба за обезбедување затоа што ние не можеме како лекари со истите да се справиме. Многу често истите лажираат податоци, на имиња, на презимиња, на телефонски броеви. Некогаш тие доаѓаат само по долни пантолони, а некои ни доаѓаат буквално голи.“-вели Д-р Сашо Василевски-специјалист интернист при Општа болница.

Д-р Василевски ја потврди нашата информација дека многу често поради тоа што добиваат лажни информации, им се случува кога ќе заѕвонат на добиениот број, да им се јави некој сосем друг па ни крив ни должен да му побараат надомест за примената инфузија или помош. Сепак ова не е единствениот проблем со кој тие се соочуваат. Од таму велат, се поочигледна е потребата од нов ургентно-тријажен поликлинички дел во болницата кој би се справувал со ваквите пациенти.

brza pomosh„За жал Охрид не собра сили изминативе години, а јас самиот сум упатен во ситуацијата дека имаше желба кај Министерството за здравство и Владата на Република Македонија овој објект кој го гледате надвор кој е на столбови повеќе од 25 години да почне да се работи и да се направи тука еден модерен ургентно-тријажен поликлинички дел каде што пациентите би се обраќале за прва помош. Тие што се подобри би заминувале дома, а тие што се во полоша ситуација би добиле понатамошен хоспитален програм.“-вели Д-р Василевски.

Д-р Василевски смета дека со конечната изградба на едно вакво одделение би се намалил метежот во Општата болница, а тие не би биле приморани да трошат ресурси и да ги пробиваат добиените буџети од Министерството за здравство. Тој упати апел и до локалните власти да изнајдат заеднички начин со централната власт за ваквата идеја и конечно да се реализира.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top