Од денес започна да функционира новиот систем за електронско евидентирење на движењето на моторните возила во Стариот дел од градот, кој е прилично изменет во однос на ланскиот. Останува да видиме како ќе се спроведува и дали конечно ова лето стариот дел на градот ќе се растерети од прекумерен сообраќај кој создаваше метеж и нервози.
Од денес во стариот дел на градот се вози по нов режим на сообраќај. системот функционира, картичките се реевидентирани па засега нема некои поголеми проблеми, велат од Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта. Картичките се издадени по основ на 4 категории, на правни лица, станозидавачи, жители кои постојано живеат во тој дел од градот и граѓани кои имаат куќи, а не и постојано живеалише во Охрид. За обезбедување на рампите се ангажирани лица од општината, а дополнително по потреба ќе се вклучува обезбедувањето кое се грижи за јавниот паркинг. Влезот на такси возилата во Стар дел ќе се одвива нормално преку ден , а нема да возат од 19 до 5 часот наутро кога ќе има целосна забрана за сообраќај на улиците Цар Самоил и Коста Абраш. Улицата Кеј Македонија ќе биде поделена за пешаци и за одвивање на еднонасочен сообраќај. Жителите од Стар град кои очекуваат гости од денес за утре ќе треба списокот на гости кои ќе им стигнат да го достават во центарот кај премиум зоната и таму ќе има список од секој еден турист кој треба да дојде во стариот дел на градот.
Доколку го нема неговото возило на списокот, односно не е пријавен нема да биде пропуштен во стариот дел на градот. Лицето кое што е на пример на Горна порта, доколку дојде лице кое има резервација во Стар град ќе го комуницира центарот каде се наоѓа видео надзорот и од таму ќе му биде отворена рампата кај Горна порта.
Во куќичката која е поставена во премиум зоната за наплата на паркинг за тие лица кои тука се паркираат со наплатна картичка се наоѓа целиот систем за функционирање на рампите. Ќе има перманентен видео надзор од 24 часа кај Горна порта и кај Каменско и ќе има физичко присуство 24 часа. Испорака на стока во стариот дел на градот ќе може да се врши во врменескиот период од 05:00 до 10:00 часот. Па и економските оператори кои вршат испорака на стоки и производи во овој дел ќе мора да обезбедат картички.
Од ЈП „Билјанини извори“ информираат дека почна да функционира и премиум зоната за наплата на паркинг, која ќе се применува на сите јавни паркиралишта и површини на кои ќе се врши паркирање на улица „Македонски Просветители” од пресекот со улица „Партизанска” до потегот на кружниот тек на плоштадот.
Останува да видиме како сето ова ќе функционира и дали конечно ова лето стариот дел на градот ќе се растерети од прекумерен сообраќај кој создаваше метеж и нервози.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град