Од денес стапуваат на сила новите правила за влез во објекти од отворен и затворен тип, угостителските објекти кои се регистрирани за прослави и објекти во кои се одржуваат настани од секаков друг вид како концерти, семинари, обуки, курсеви, состаноци, работилници, конференции, културни или спортски настани да треба посетителите да покажат сертификат за примени две дози на вакцина или потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена. Зголемениоот број на новозразени и стагнацијата на процесот на имунизација може да допринесе да се продолжат дополнителни рестриктивни мерки кои прво ќе се однесуваат на невакцинираните, изјави министерот за здравство Венко Филипче. Здравствените експерти на став дека вакцинацијата заедно со одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува единствената константа која дава многу добри резултати во борба против пандемијата од Ковид 19. Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.
Од министерството за здравство информираа дека почнувајќи од денес за влез во угостителските објекти, затворените шопинг центри и други објекти од затворен тип е потребно сертификат за извршена имунизација, со две дози на вакцина против заразната болест ковид-19 или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Инаку, досега за влез во објекти беше доволна една примена доза од вакцината против ковид-19. Експертите сметаат дека одржувањето на социјалната дистанца и носењето на заштитна опрема и одржувањето на хигиената останува единствената константа која дава многу добри резултати во борба против пандемијата од Ковид-19.
Во тек на цела пандемија ова изолирање, внимавање е единствената константа која дава многу добри резултати. Ние вклучително и јас очекувавме дека вакцинацијата ќе биде многу сериозна алатка и помош во справувањето со пандемијата и тоа е така, но вакцинацијата сама без внимавање и социјално дистанцирање не може да ја заврши работата бидејќи трае предолго. Од рестриктивни мерки има потреба, ги гледаме во земји каде вакцинацијата е на многу повисоко ниво бидејќи овој бран почнува многу интензивно – истакна Александар Петличкоски, директор на институтот за имуно-биологија и хумана генетика.
Петличковски потенцира дека кај нас стапката на вакцинација е ниска и дека вакцините не се прифатени со оној ентузијазам со којшто се очекуваше. Доказите се недвосмислени дека вакцините функционираат одлично, односно дека таму каде што вакцинацијата на населението е поголема од 70 % нема смртност поврзана со ковид. За тоа зборува и статистиката на Институтот за јавно здравје од земјава, впрочем, во изминативе три месеци, 36.980, граѓани, односно 71% од позитивни на Ковид 19 не биле вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од 6.08 до 11.11.2021 на територија на државата починале 1788 пациенти со Ковид 19, 1434 пациенти од починатите, односно 80% не биле вакцинирани, а само 20%, односно 354 примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Ваквата состојба ја наметнува и потребата за воведување на трета таканаречена бустер доза после извесен период.
Вакцините сите после извесен период ја намалуваат својата ефикасност. Ова пак останува да важи дека вакцинираните луѓа и многу месеци по вакцинирањето имаат многу добра шанса да се справат лесно со болеста, но факт е дека после 6 месеци за сите вакцини е полесно човек да се инфицира и да има симптоми. Поради фактот што после 6 месеци имунитетот слабее, е воведена оваа иницијатива за трета доза. Третата доза прави едно освежување на имунитетот, засилување на имуниот систем – додава Петличковски.
Професорот Петличковски објаснува дека мешањето на вакцините од различен производител и теоритски и практично покажало добри резултати, дека е ефикасно и пред се безбедно. Што се однесува до стагнацијата на процесот на имунизација и справување со антиваксерското движење, тој вели дека воведувањето на рестриктивните мерки дава подобри резултати во борбата против пандемијата. Согласен е и Министерот за здравство Венко Филипче кој викендов најави дека ќе се продолжат дополнителни рестриктивни мерки кои прво ќе се однесуваат на невакцинираните бидејќи токму невакцинираните пациенти се најголемиот терет врз болниците, или да се прошири списокот на места за влез во кои ќе биде потребен доказ за примени две дози вакцина или сертификат за прележан ковид-19 во последните 45 дена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град