Од денес, до петок, ревматски прегледи во Општата болница во Охрид

Голем интерес за ревматоидните прегледи на д-р Нада Марина во Општата болница во Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
Opshta bolnica
Општа болница

Од денес, па се до петок, во рамки на интерното одделение при Општата болница во Охрид, ќе гостува професор д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје.  Д-р Марина во текот на овие неколку дена ќе врши ревматоидни прегледи на сите заинтересирани граѓани кои се соочуваат со ова заболување. Прегледите започнаа од утринава, а интересот прилично голем, вели д-р Марина.

d-r Nada Marina„Јас од сабајле имав доста пациенти, пациенти кои што редовно доаѓале во Скопје, слушнале, и дојдоа на преглед во амбулантата на интерното одделение така да имавме пациенти и од Струга. Мислам дека овој регион што го опфаќа, Охрид, Струга и Ресен е доста голем и дека ќе има интерес од страна на пациентите, Веќе за утре се закажани доста пациенти.“-вели Професор Д-р Нада Марина од Клиниката за ревматологија во Скопје.

 Она што народски е познато како реума, всушност опфаќа повеќе болести, вели д-р Марина. Таа додава дека ревматските болести се сериозни и никако не смеат да бидат потценети. Пациентите при секоја појава на болка треба да се јават кај матичниот лекар, кој понатаму треба да го извести специјалистот-интернист и субспецијалистот-ревматолог.

reuma„Во првите три месеци како што се случува кај ревматоидните болести треба да поставиме дијагноза. Иако дијагнозата не се поставува така лесно. Но сега постојат доста техники, серолошки, лабораториски, рентгенски кои многу помагаат во поставување на дијагнозата, па и да не е така тешка болест, доволно е на пациентот да му укажете, видете, вие имате ревматска болест, но таа зависи од вашите години, треба да имате помагало, не треба многу лекови да земате, значи да им се објасни. Едукативниот пристап е многу важен во ревматологијата.“-рече Д-р Марина.

Инаку, составувањето на листата за преглед е во тек. Секој ден, од денес па до петок, во периодот од 9 до 13 часот, можете да закажете преглед во Општата болница. Сите граѓани кои ќе бидат запишани на списокот, ќе бидат прегледани. Потребен ви е упат од матичен лекар, па наместо да патувате до Скопје, вашиот преглед можете да го направите тука. Наредното доаѓање на д-р Марина во Охрид ќе биде на крајот на месец Октомври.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top