Од битка за егзистенција до успешен бизнис во пандемијата

Пандемијата ги менува професиите. Политички аналитичар од Охрид денес успешен земјоделец и продавач на зимница. Таков е примерот на охриѓанката Катерина Василеска.

 |   | 

Од битка за егзистенција до успешен бизнис во пандемијата. Охриѓанката Катерина Василеска по образование политички аналитичар и туристички водич, останувајќи без работа во пандемијата, стана прозведувач на органска храна и зимница.

За две години од еден мал пластеник нејзината бавча станала плодна градина богата со секаков вид на овошје и зеленчук. Одлуката за работа во земјоделие се случила на стартот на пандемијата.

Немав работа и со туризмот прекина работата немаше што да се прави, едноставно морав да најдам начин да заработувам со тоа што го имам и со тоа што го знам. Некако природно ми дојде ајде да продаваме зеленчуци и овошја. Па еден период продававме зеленчуци и овошја. После тоа си реков зошто да ги продавам свежи сирови, кога може да ги преработам и да заработам повеќе – вели Катерина Василеска од Охрид.

Денес нејзината летна кујна е мала фабрика. Произведува ајвар, лутенка, доматно пире и многу видови домашни слатки и компот и друга зимница. Вели огромен е интересот од страна на купувачите, бидејки брзото темпо на живот не дозволува секој да може да прави зимница дома.

Уште првиот ден имавме 200 тегли нарачка. Се изненадивме со мајка ми. Почнавме да правиме ајвар, ги потрошивме нашите пиперки па потоа на следните нарачки почнав да купувам пиперки бидејки не можев да постигнам. И секој ден имаме нови и нови нарачки. И еве од пред две недели не сме застанати со работа, а идејата дојде од егзистенција и да се заработи за зимата – додава Василеска.

Василеска вели, тешка физичка работа сепак се исплатува.

Тешко е многу е тешко не може човек сам да го работи ова. Мора барем двајца да работаат. Физички тешка цело време стои има кревање на тешки шерпи кревање, миење. Со топло се работи за да се конзервира ајварот. Тешка физичка работа која луѓето немаат време ни сила да го прават ајварот – вели Василеска.

Подготовката и продажбата на ајвар и други зимници во домашни услови стана профитабилна работа од која во просек може да се заработи една плата. Василеска за идната година најавува збогатување на домашниот асортиман на преработени производи за продажба.

 

Новинар : Соња Рилковска

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top