Во лето постојано актуелно Меѓуопштинското Јавно Претпријатие „Проаква“, односно неговиот прв човек Бранислав Трпчевски.
Со секое отпочнување на летната туристичка сезона во Охрид, се актуелизира работењето на МЈП „Проаква“, односно неговиот прв човек Бранислав Трпчевски.
Денес, очи во очи претставниците на „Проаква“ и еколозите. ТелевизијА ТВМ ги соочи двете инволвирани страни во случајот со еколошката катастрофа кај Грашница. Од средбата задоволни и едните и другите.
На средбата се разговараше за еколошките проблеми кај Грашница, а посебен акцент се стави на проблемот со фекалиите кои се влаваат во езерото.
„Нашите проблеми започнаа со пуштањето во функција на колекторскиот ситем“, се жали Рамис Сулејман, жител на реонот кај Грашница. Од еколошкото друштво „Грашница“ пак, задоволни што конечно некој го слушна нивниот апел во врска со загадувањето на езерото со, како што велат тие „фекалии од колекторскиот систем“
„Овој дел на Охрид е најниската кота во регионов. Поради тоа, при обилни дождови сите атмосферски води се слеваат во него, го оптоваруваат колекторот и настанува проблемот“ објаснуваат од ова еколошко друштво.
„Со сета одговорност тврдам дека колекторот функционира беспрекорно, а во ваква ситуација ние сервисираме отпадни води пет пати повеќе од капацитетот на прочистителната станица“, вели директорот на МЈП Проаквам Бранислав Трпчески и додава: „Мора да кажам дека правиме надчовечки напори….. и за фунционирање на системот и за вработените од Проаква, како и за тековното одржување на колекторот“.
Трпчевски ја искористи средбата да ги информира жителите и екологистите дека е формиран тим во МЈП „Проаква“, кој веќе подолг период работи на пронаоѓање на адекватно решение за загадувањето на езерото кај Грашница.
„Нашето техничко решение ќе биде доставено за краток временски период до Локалните самоуправи на Охрид и Струга. Напоменувам дека веќе имаме остварено контакти со фирми, кои изработуваат наменска опрема за вакви случаи во кои има парцијално разрешување на фекалиите. Имам сознанија дека за скоро време треба да оствариме и официјална средба со министерот за екологија во Охрид, на која најверојатно ќе проговориме и за Грашница“, вели Трпчевски.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град