Обвинувања за организиран криминал во ЈП Македоски шуми „Галичица“

Марјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие.

 |  Валентина Неловска  | 
dokumenti
документи

Marjan KostoskiМарјан Костоски поранешен вработен во ЈП Македонски шуми-Галичица реагираа на незаконското работење во ова претпријатие. Инцидентот со шумската полиција во Велгошти, состојбата со безбедноста и стопанисувањето со шумите во охридскиот реон го натераа како што вели  повторно да  укаже на со години наназад неразрешените  состојби во ова претпријатие.

„ Односно на криминално однесување на лица вработени во Макеодснки шуми, директно инволвирани во организиран криминал за што постојат документи како доказен материјал. Костоски ги набројува како криминални дејствија превозот и транспортот  на дрва без адреса, сметки без наведен број на испратници, а под бројот на испратницата не е наведена сметката. СВР  има тешки маки да ги открие“, тврди Костоски.

Обајснува „Открив 500 случаи кои ги предадов на надлежните органи и сеуште немам повратна информација што се случи. Сум се обратил до сите највисоки инстанци во државата. Разговарав и со премиерот Никола Груевски. Костоски очекува разврска по случувањата со шумската полиција и населението од Велгошти.

Битката на докажување,  како што вели Костоски за незакоснското работење трае со години. За неговото терање правда  добивал  обвинувања  дека  е лажно.   Во меѓувреме Костоски е прераспределен  од Македонски Шуми „Галичица“, во шумското „Јабланица“, Струга. За работата на тамошното претпријатие Костоски  вели дека  е крајно домаќинско и дека е добро прифатен од струшките колеги, но сеуште не може да се помири со состојбите во „Галичица“ претпријатието во кое работел порано.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top