Образование, да. Но какво?

Воспитниот процес во образованието се повеќе се маргинализира.

ucenici
ученици

Воспитниот процес во образованието се повеќе се маргинализира.

Родителите растргнати во трката со животот, се помалку време поминуваат со своите деца. Тие се почесто се препуштени во рацете на своите баби и дедовци или пак сами на себе. „Сепак баба и дедо никако не можат да ги заменат мама  и тато, се трудиме да дадеме се од себе, меѓутоа реално не го постигнуваме вистинскиот ефект“, велат тие.
ucilishteРодителите признаваат дека брзото темпо на живеење го прави своето, но се надеваат дека во  училиштето се обрнува внимание на воспитната компонента.
Во насока на подобрување на општата состојба, која генерално е незадоволителна, во училиштата се практикува кодекс на однесување. „Девијантните појави  од генерација во генерација, земаат се поголем замав, па неретко сме принудени да практикуваме одредени педагошки мерки“, велат педагозите.
Воспитната функција во образовниот процес, некако со текот на годините заостанува, е ставот на наставниот кадар во училиштата. Причина за ваквата состојба се бара во преобемноста на наставните материјали.
Децата, заборавени од своите родители, недоволно воспитно едуцирани во училиштата, се повеќе се повлекуваат во себе. Другаруваме во помали групи доверувајќи се помеѓу себе. Нашите тајни понекогаш им ги доверуваме и на нашите родители и на неколкумината наставници, велат тие.
Решението за ваквата состојба треба да се најде во зачестените контакти помеѓу децата и родителите, велат стручните лица. „Се почесто наместо површни,  водете темелни разговори, потрудете се да продрете подлабоко во соговорникот, тоа е најдобриот начин за создавање доверба помеѓу вас. Само со искрен разговор ќе ја здобиете довербата на вашите деца“, велат психолозите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top