(ОБНОВЕНО) Наскоро чартер летови на релација Москва-Охрид

За туристичка сезона 2022 има најави, после повеќе од една деценија пауза, повторно поврзување со чартер лет на Охрид и Москва два пати неделно. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот преговара и со тур оператори за воспоставување чартер линија со Украинскиот главен град Киев.

 |   | 

Во тек се преговори за воспоствување на чартер линија на релација Москва-Охрид за идната сезона. Една од најголемите руски авиокомпании „НОРДВИНД” најави дека од 2022 година, после долго време повторно ќе ги поврзува  Москва, Охрид и Скопје со чартер летови, информира Љупчо Јанески, директорот на Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.

По 20 години е воспоставена редовна линија Москва-Скопје 2 пати неделно во петок и понеделник. Малку ќе е видоизмената сатницата кога се работи за летен и зимски режим на летање. По повеќе од 12-13 години повторно се воспоставува чартер лет меѓу Москва и Охрид. Се надеваме дека 2022 година ќе се заокружи со овие линии. – вели Јанески.

Досега се потврдени чартер летови со Туи од Белгија, Холандија и Полска. Се преговара и со тур оператори за воспоставување чартер линија со Украинскиот главен град Киев. Руските туристи допрва ќе ги откриваат нашите туристички потенцијали. 

Најголем интерес на руските гости од Руската Федерација има за културата, храната. Ено-гастро туризмот е нешто за што веќе има интерес и резервации, а веднаш зад него е активниот туризам, посебно параглајдингот. Македонија  сеуште е неоткриена туристичка дестинација за Рускиот пазар – додава Јанески.

Со воспоставување на редовна директна воздушна линија Скопје-Москва и Охрид-Москва се овозможува и полесна соработка на сите полиња. Посебно важно е дека ќе се зголеми просечниот престој на туристите од Руската Федерација од 2.2 дена на минимум 4 дена и ќе продолжи трендот на пораст на туристи од овој пазар, кој пред Корона кризата растел со 13% на годишно ниво.

Она што е карактеристично за оваа авио-компанија се флексибилните авионски билети, опции за лојалност и распоредот на летови, што овозможува полесно движење на туристите кои сакаат да патуваат индивидуално, но и оние кои ќе одлучат тоа да го сторат со посредништво од туристичка агенција.

Во периодот кој претстои, АППТ ќе организира бројни информативни патувања и Б2Б состаноци на рускиот и македонскиот туристички сектор, додека во 2022 година промоцијата на овој пазар ќе ја зајакне со промотивна кампања за туристичките потенцијали на земјава.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top