Обновен Мостот на желбите

Бројните гости и граѓаните на Охрид повторно можат да стигнат до Канео по најкраткиот пат. Обновен е Мостот на желбите.

 |  Јаковлева Лионела  | 

Обновен Мостот на желбите. На задоволство на гостите , но и на охриѓани поправен е мостот кој преставува најкраткиот пат до едно од најатрактивните места на охридското крајбрежје, Канео. На мостот поставени се нови дрвени штици и останува уште да се направи ограда која ќе биде заштита за минувачите по него. Според информациите кои ги добивме тој од утре ќе биде ставен целосно во функција што значи дека за Велигденските празници сите кои сакаат ќе можат да уживаат на плажата Потпеш и населбата Канео и да ја посетат една од најубавите цркви посветена на Св. Јован Богослов. За велигденските празници тој ќе биде целосно функционален. Од обновувањето на мостот се задоволни и жителите на Канео бидејќи тој им е најбрзата и наједноставната комуникација со центарот на градотот.

Инаку Мостот на желбите беше целосно уништен во големото невреме што го зафати Охрид на 17ти март кога јужниот ветер кој дуваше со околу 9о километри на час предизвика огромни бранови кои го проголтаа мостот кој немаше некоја цврста конструкција. Во бурата настрадаа и угостителските објекти кои се наоѓаат на првата брегова линија, но штетите веќе се санирани па подготвено ќе ги пречекаат гостите кои ќе дојдат за Велигден.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top