Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник.
Директорката на Завод и Музеј од Охрид, Тања Паскали Бунташеска, задоволна од тоа како се одвива изградбата на проектот за возобновување на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник. Таа оптимист дека работите ќе бидат завршени во предвидениот рок.
„Работите се одвиваат со задволително темпо. Во исто време се градат двата комплекси. Се гради првиот комплекс, тоа е Свети Климентовиот музеј и библиотека, Центарот за хуманистички науки, а во исто време од источната страна се градат манастирскиот конак и резиденцијалниот објект на МПЦ. Се надеваме дека ќе биде испочитуван рокот кој што е зацртан во тендерот, т.е 26 месеци од започнување на градежните работи.
Се прати максимално конфигурацијата на теренот од највиоската до најниската точка, објектите нема да бидат повисоки од колку што е Свети Климентовата црква, го пратат нагибот на теренот, значи вклопени се во амбиентот“, изјави директорката Паскали-Бунташеска.
Директорката на Завод и Музеј ги отфрли шпекулациите дека градбите на Плаошник ќе ја затворат панорамата:
– „Не знам зошто би се затворила панорамата. Од југ нема никаков објект, од западна страна боровите сеуште постојат, боровите повторно ќе се гледаат, објектите нема да бидат толку гломазни како што се зборува за да се затвори панорамата. Од исток исто остануваат боровите, од север и сега имаме градби“.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град