Објавени листите за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември. Челниците на власта и опозицијата се соочуваат во четворката и во шестката.
На полноќ заврши рокот за доставување на кандидатските листи за предвремените парламентарни избори закажани за 11-ти декември. Политичките партии и коалиции ги објавија носителите и листите за шесте изборни единици.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ги објави пратеничките листи доцна ноќта во петокот и ги предаде во ДИК, со што сите учесници на изборите ја исполнија обврската во предвидениот рок.
Претседателите на владејачката и на опозицската албанска партија, односно Али Ахмети на ДУИ и Мендух Тачи на ДПА ќе се соочат во шестата изборна единица, додека пак на најголемата влдејачка партија ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски ќе се соочи со челникот на најголемата опозициска партија СДСМ, Зоран Заев во четвртата изборна единица, а таму во трката ќе им се приклучи и поранешниот премиер, лидерот на ВМРО-НП, Љубчо Георгиевски.
Носители на листите во Изборната единица 5 во којa припаѓа и Охрид се:
од Коалицијата за подобра Македонија – Антонио Милошоски, од коалицијата на СДСМ – Радмила Шекеринска, Коалиција за промени и правда – Александар Делов, Коалиција „ВМРО за Македонија“ – Љубе Бошкоски, Либерална партија – Кице Мицковски, Левица – Здравко Савески, ДУИ – Агим Шаќири, ДПА – Адријан Усеини, НДП и Беса – Арбен Лабеништи.
Партискитe врвoви синоќа ги утврдуваа и кандидатските листи за претстојните вонредни парламентарни избори. На кандидатската листа на ВМРО ДПМНЕ во 5-та Изборна единица се најдоа и двајца охриѓани. На високото четврто место е Д-р Љубен Арнаудов, претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, а на осмото Д-р Сашо Василевски кој беше пратеник и во овој мандат.
На кандидатската листа од СДСМ на високото трето место се најде Др Томислав Тунтев, кој и досега беше патеник во собранието на РМ, а на деветтото актуелната советничка Жаклина Лазареска.
ДИК има рок од 48 часа односно до недела на полноќ за разгледување на листите иако има некакви недоследности да им ги врати листите на партиите на исправка, по што партиите имаат 48 часа да ги исправат недоследностите и да ги вратат истите назад во ДИК.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град