• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Објавен јавниот повик за пријавување на кандидати за добивање сертификат за такси возачи

Кандидатите најпрво треба да поминат низ обука, за потоа да им се издаде потврда. Испитите за добивање сертификати ќе се спроведуваат во текот на април, мај и јуни 2015та година во Големата сала на Советот на општина Охрид.

 |  Мишел Наумоски  | 
taksi
такси

Општина Охрид го објави јавниот повик за добивање сертификати за авто такси возачи. За да може истите да полагаат испит за добивање на сертификатот, најпрво ќе треба да поминат обука за авто такси возачи и за тоа да добијат потврда од правното лице овластено за вршење на вакви обуки.

sertifikat taksisti Сите лица кои имаат ваква потврда и возачка дозвола за Б категорија, може да се пријават на некој од испитите кои ги организира општината за добивање на сертификатот. Кандидатите, за да се пријават за испитот, треба да поднесат пријава до Архивата на општина Охрид која може да се подигне од таму или да се преземе од веб страната на општината www.ohrid.gov.mk, а заедно со пријавата да имаат и копија од лична карта и копија од возачката дозвола. Испитите за овие сертификати ќе се одржуваат во текот на точно одредени датуми и тоа:
 
во текот на Април 2015 на (7, 14, 21, 28)

Мај 2015 на (5, 12, 19, 26)

и Јуни 2015 на (2, 9, 16, 23, 30), секогаш во 17 часот во Големата сала на општина Охрид.

Кандидатите за овие испити треба да се пријават најдоцна два дена пред закажаниот термин за одржување на испит.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top