Изградбата на објектот за затворениот градски пазар, и работата на Јавното претпријатие „Градски пазар“ тема на денешната прес конференција на ВМРо ДПМНЕ. Портпаролот Перчо Божиновски со обвинување до СДСМ и локлната власт дека не градат едно општество за сите граѓани, туку дека го урнисуваат во секоја сфера на општественото живеење.
Портпаролот на ОК на ВМРО_ДПМНЕ, Перчо Божиновски на денешната прес конференција со обвинувања до Градоначалникот Георгиески и директорката на ЈП „Градски пазар“, Кристина Крлеска-Деспотоска дека наместо да се зафатат со доизградба на објектот на затворениот пазар и ова лето граѓаните и пазарџиите ги оставиле без основни и елементарни услови за функцинирање.
„Зошто не е завршена градбата на затворениот пазар иако истата досега требаше да биде завршена?
Свеченото отворање веќе неколку пати се пролонгира, па беше најавено во март од кое нема ни трага, а за скоро ќе помине и целата летна сезона. Зошто се дозволи да биде пробиен рокот за изградба на новиот објект? Што се случи со поставувањето нов покрив, нова фасада и поделба на хала за текстил на две нивоа? Каква е таа комисија што ќе се формира и на кој начин истата ќе склучи Анекс на договорот?“ рече Перчо Божиновски -Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ
Божиновски додадед ека локалната власт на СДСМ и градоначалникот Георгиески со одолговлекувањето на изградбата го доведуваат во прашање нормалното работење на пазарот и дека нема ништо од ветеното целосно модернизирање на услугите од кои ќе бидат задоволни и купувачите, но и закупците. Божиновски одаде дека нема ниту деловен простор за користење, ниту паркинг места.
„Ако имаат малку совест треба веднаш да понесат одговорност директорката заедно со градоначалникот Георгиески затоа што ЈП „Градски Пазар“ трпи големи загуби. СДСМ не може да реализира целосно ниту еден проект започнат од ВМРО-ДПМНЕ, а да не зборуваме за нови капитални проекти. СДСМ и Георгиески не создаваат современи услови за работа, подобра клима за развој на стопанството и воопшто не работат во функција и интерес на граѓаните“ рече Перчо Божиновски -Портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ.
Портпаролот на ОК на ВМРО_ДПМНЕ, Перчо Божиновски на , посочи дека локалната власт на СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески не градат едно општество за сите граѓани туку дека го урнисуваат во секоја сфера на општественото живеење.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град