На денешната прес конференција на општинскиот комитет од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, серија обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во врска грижата за децата и младите.
На денешната прес конференција на општинскиот комитет од ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, серија обвинувања до СДСМ и градоначалникот Константин Георгиески во врска грижата за децата и младите.
„Премногу ветени спортски и детски игралишта насекаде низ целиот град и руралните средини, но за жал ниту едно изградено или реконструирано. Сликата којашто може да се види на ова детско игралиште позади нас, но и на сите други детски и спортски игралишта е дека тие се во катастрофална состојба“.
„Кога планирате да ги направите ветуваните детски игралишта во Центар, Долна Влашка маала и 15 Корпус?Децата и младите од населбите Воска и Црногорци останаа без ветеното поставување на нови детски игралишта, а за постоечките воопшто не се води грижа“.
„Зошто не преземате никакви санирања на детското игралиште на улица „Васил Главинов“? Младите чекаат да се реновираат спортските терени за мали спортови во Долно Лакочереј и Лескоец. Нема никаква трага и од изградбата на двата детски парка во Велгошти.
Ова ли е грижата за најмладите од страна на Локалната самоуправа и градоначалникот Георгиески? Со СДСМ и Георгиески нема ништо од изградба на современи спортски и детски игралишта“, истакна на денешната прес конференција Александар Здравевски од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град