ЈП „Градски Пазар“ Oхрид објавува Оглас за издавање деловни простории

Врз основа на Одлука на Управниот одбор на ЈП градски Пазар Охрид бр. 02-418 од 07.08.2020 година , ЈП Градски Пазар охрид објавува Оглас за издавање на следните деловни простории:

 |   | 

Врз основа на Одлука на Управниот одбор на ЈП градски Пазар Охрид бр. 02-418 од 07.08.2020 година , ЈП Градски Пазар охрид објавува Оглас за издавање на следните деловни простории:

1.Деловен простор бр. 3 на КП бр.14766 , место пазариште, со површина од 30м2, проценета вредност (денари/евра) 2.797.799.70/45.45.492,68 и почетна минимална месечна наемнина (денари) 13.989.00 денари

2. Деловен простор бр. 4 на КП бр.14766 , место пазариште со површина од 30м2, проценета вредност (денари/евра) 2.952.216.23/48.003,52 и почетна минимална месечна наемнина (денари) 14.761,08 денари

Право на учество имаат сите правни лица, кои своите понуди треба да ги достават во затворен плик во архивата на ЈП Градски Пазар –Охрид, до 26.08.2020 година до 13 часот.

Правните лица во затворен плик треба да достават:

-Понуда за изнајмување на деловен простор со реден број, заверена со потпис и печат од понудувачот;

-Потврда од Централен регистар за обавување на дејност и тековна состојба (не постара од 6 месеци)

Критериуми за издавање на деловен простор се:

1.Највисока понудена цена од почетната минимална наемнина

2.Доколку има исти понуди за еден ист деловен објект право на предност ќе има стариот закупец, под услов да нема долг кон претпријатието

3. Изборот за најповолни понуди ќе го врши формирана Комисија која ќе постапува и одлучува согласно условите и критериумите кои ги исполнува барателот за закуп.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top