“ПОБЛИСКУ ДО НУЛА! НУЛА НОВИ ИНФЕКЦИИ, НУЛА СМРТНОСТ ПОВРЗАНА СО ХИВ/СИДА, и НУЛА ДИСКРИМИНАЦИЈА.” Ова е мотото на годинешната кампања со која се одбележа 1-ви декември, светскиот ден за борба против сидата. Во координирана акција помеѓу овие три субјекти, на градскиот плоштад беа спроведени и рапидни тестови за покажување на постоење на ХИВ вирусот во крвта и Хепатит Ц.
„ По повод светскиот ден за борба против Сида, се спроведува мобилно советување. Во оваа акција учествуваат Центарот за јавно здравје, НВО „Опција“ од Охрид и О.О. на Црвениот крст. Се врши доброволно доверливо и бесплатно тестирање и советување на лица над 18 години“ објаснува Д-р Стурлакова.
Така, граѓаните и сите заинтересирани можеа тестовите да ги направат на самото место, анонимно, а резултатите им беа соопштувани за десеттина минути, за што не беше потребен никаков упат, сини картони или здравствена книшка. Што се однесува до подигањето на јавната свест, кога станува збор за ова заболување, од О.О на Црвениот Крст, оптимисти. Во принцип целните групи се пристојно едуцирани, но во секој случај информираноста е еден битен сегмент во заштитата и борбата од овие инфекции, објаснува активистот Младен Божиновски.
„Во секој случај ако мене ме прашате сметам дека нивото на свеста е малку подигнато, нашето годинешно мото е поблиску да нула, нула нови инфекции, нула смртност и нула дискриминација, и се стремиме овие лица да не бидат дискриминирани. Во Охрид имаме едно ХИВ или серопозитивно лице кое живее. Тоа е од годинава, имаме еден случај на хив позитивен, тоа не значи дека е болен од Сида туку е ХИВ позитивен, Сидата е последниот стадиум од инфенцијата со вирусот на ХИВ“ додава Божиновски.
Во Република Македонија од 1987 година вкупно се регистрирани 142 случаи на ХИВ-Сида. Од нив 33 живеат со ХИВ, додека од тие 109 заболени со СИДА, 66 се веќе починати.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град